Јосип Броз-Тито: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Рани години: Јазична исправка, replaced: оените затвореници → оените заробеници
Ред 44:
Од есента [[1913]], Броз служи во австроунгарската армија; во мај [[1914]] добива сребрен медал за натпревар во мечување во [[Будимпешта]]. На почетокот на [[Првата светска војна]] е испратен на српскиот фронт. Уапсен е за антивоена [[пропаганда]] и затворен во Петроварданската тврдина. Во [[1915]] неговиот баталјон е испратен на Источниот фронт во [[Галиција]] да се бори против [[Русија]]. Во Буковина е сериозно ранет. Во април целиот негов баталјон паѓа во руско заробеништво<ref name="autogenerated3">http://www.britannica.com/EBchecked/topic/597295/Josip-Broz-Tito</ref>.
 
По неколку месеци поминати во болница, во есента [[1916]] Броз е испратен да работи во камп во планините [[Урал]]. Ослободен е во текот на [[Февруарска револуција|Февруарската револуција]]. Во април [[1917]] е уапсен за организирање демонстрации за воените затвореницизаробеници, но набрзо успева да избега. Го прифаќа [[ленинизам|ленинизмот]] и учествува во болшевичките демонстрации во [[Санкт Петербург]] на 16-17 јули 1917. Потоа се обидува да избега во [[Финска]], но е уапсен и затворен во Петропавловската тврдина на три недели, по што е испратен во Сибир. Повторно успева да побегне и во ноември во [[Омск]] им се приклучува на црвеногардејците. Во пролетта 1918 станува член на југословенската секција на [[Комунистичка партија на Советскиот Сојуз|Руската Комунистичка Партија]].
 
Во септември [[1920]] се враќа во Југославија и станува член на наскоро забранетата [[Комунистичка партија на Југославија]]. Станува активист во синдикалното движење. Во мај 1927 година е избран за секретар на Обласниот одбор на Сојузот на металците, а во јули истата година за организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ за Загреб. Во август [[1928]] година е уапсен и во ноември е осуден на 5 години робија. По излегувањето од затвор, во јули [[1934]] заминува за [[Виена]], каде што станува член на Централниот Комитет на Партијата. Оттогаш почнува да го користи прекарот „Тито“. Кон крајот на [[1936]] се враќа во [[Кралство Југославија|Југославија]] за да управува со делувањето на партијата во земјата.