Прабугари: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Ред 36:
Прабугарскиот хан [[Кубер]] околу 680 г. успеал да доjде во [[Македонија (регион)|Македонија]]. Од властите во [[Солун]] добил дозвола тие да се населат во [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] (Campus Kerameensis) - Керамесиаи е античкото име за [[Прилеп]]. Во бугарските толкувања станува збор за Битолското Поле. Кубер бил брат на ханот [[Аспарух]] (основач на [[Прво Бугарско Царство|Првото Бугарско Царство]]) и син на ханот [[Кубрат]]. Византиската верзија на историјата од "[[Чудата на св. Димитар Солунски]]" тврди дека од властите во Солун измолил дозвола да се насели во Прилепското (т.е. Прилепско-Битолското Поле). Планирал напади на Солун и соработувал со [[Византија]], а имал и врски со Прабугарите од државата на Аспарух. Во натписот од [[Мадарскиот коњаник]] ханот [[Тервел]] зборува за Прабугарите (неговите чичковци) во Македонија.
 
Во [[Ерсека]] близу [[Корча]] и во [[Врап]] кај [[Елбасан]], наjдени се делови од неговата благаjна, заробена во борбите против [[Аварски каганат|Аварскиот каганат]]. Два дела од ова богатство се откопани уште на почетокот од 20 век. Прабугарски наоди од 7-8 век во Македонија има и во реоните на [[Прилеп]], [[Охрид]] и други места.<ref>[http://www.kroraina.com/macedon/mikul.html Средновековни градови и тврдини во Македонија, И.Микулчиќ]</ref> Во првата половина на [[9 век]] скоро сите делови на Македонија биле припоени кон Бугарија. Во [[864]] таа го прифатила [[христијанство]]то како официјална државна вера, a во [[893]] [[Старословенски јазик|словенскиот јазик]] како официјален државен и религиозен јазик и [[Кирилица|кирилското]] [[писмо]] како државно писмо.
 
== Поврзано ==