Гарванот (поема): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
 
Ред 1:
:''За птицата видете [[Гавран]].''
[[Податотека:Tenniel-TheRaven.jpg|thumb|„Гарванот“ ја прикажува мистериозната гарванова посета на раскажувачот во жалење, како што е илустрирано во оваа слика од Џон Тениел (1855).]]
'''Гарванот ('''{{Lang-en|The Raven}}) — [[наративна поезија|наративна поема]] на [[САД|американскиот]] писател [[Едгар Алан По]], објавена во јануари 1845 година. Забележителна е по својата музикалност, стилизиран јазик и [[натприродно|натприродна]] атмосфера. Раскажува за мистериозната посета на [[гавран|гарван (гавран)]] кој може да зборува кај еден расеан љубовник и го следи неговото бавно пропаѓање во лудило. Љубовникот, често препознаен како студент,<ref name=Meyers163>Мајерс, 163</ref><ref name=Silverman239>Силверман, 239</ref> ја жали загубата на неговата љубов Ленора. Гарванот, седнат на бистата на [[Атина Палада]], ја истражува и продолжува неговата мака со постојаното повторување на зборот „невермор“ (''nevermore'' - никогаш повеќе). Низ поемата, По врши алузии на [[фолклор]]от и на различни класични дела.
 
По тврдел дека ја напишал поемата многу логично и методично. Неговата намера била да напише поема која ќе им биде допадлива и на критичките и на модерните вкусови, како што објаснува во неговиот следен есеј „[[Филозофијата на композицијата]]“. Поемата била делумно инспирирана од гарванот кој се појавува во романот на [[Чарлс Дикенс]], ''[[Барнаби Руџ: Приказна за немирите од осумдесеттите]]''.<ref name=K&H192>Коплеј и Хејс, 192</ref> По го позајмува комплексниот ритам и метрика од поемата на [[Елизабет Берет]], „Додворувањето на лејди Џералдин“.