Месопотамска митологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сликата
сликата
Ред 22:
 
==Месопотамска космологија==
[[Податотека:Sumerian symbology.jpg|right|thumb|300px|Детал од ѕидна слика]]
Месопотамската космологија се чини е еден вид генеолошки систем на двојни спротивности, машки и женски, кои преку свети бракови ги создавале наредните генерации на божества. [[Универзум]]от најпрвин се појавил кога [[Наму]], веројатно безобличен хаос, се свиткал околу себе и ги родил првите божества. Според [[вавилон]]ската [[Енума Елиш]], првиот брак е меѓу [[Тиамат]], божицата на солената вода, и [[Апсу]], богот на слатките води. Од нив се родил [[Лахаму]] или Лахму, наречен „калливиот“ или „влакнестиот“, титула која му е дадена на чуварот на капијата на храмот во [[Ериду]], кој ги родил [[Аншар]] и [[Кишар]], кои се однесуваат на небесните полови, а кои се сметаат за родители на [[Ану]] (небесниот бог) и [[Ки]] (божицата на земјата). Овие божества им ги дале имињата на останатите од месопотамскиот пантеон.
 
Во бракот меѓу [[Ану]] и [[Ки]] се родил [[Енлил]], кој станал лидер на пантеонот. После прогонството на Енлил од [[Дилмун]] (домот на боговите) заради тоа што ја силувал [[Нинлил]], таа го родила [[Син]] (богот на месечината), познат кај [[Сумер]]ците и како [[Нана - Суен]]. [[Син]] и [[Нингал]] ги родиле [[Инана]] и [[Уту]] (сумерски) или [[Шамаш]] (акадиски).
 
[[Наму]] го создал [[Енки]]. [[Инана]] го однесла Енки во нејзиниот град [[Урук]], после што се случиле древно политички настани во јужен [[Ирак]], односно во раниот династички период на [[Сумер]].
 
Во подоцна нашишаната книга [[Енима Елиш]], се вели дека [[Тиамат]] и [[Апсу]] биле вознемирени од хаосот што го создале младите богови, и се обиделе да го поништат создавањето, но синот на [[Енки]], [[Мардук]], ги победил и повторно го создал светот. Целта на [[Енима Елиш]] била да се воспее [[Мардук]], богот на градот [[Вавилон]], и да се претстави како најзначаен меѓу сите божества, со што се славела и политичката надмоќ на [[Вавилон]] над старите култури во [[Сумер]] и [[Акад]]. Во асирските митови, [[Асхур]] е претставен на местото на [[Мардук]].