Прохор Пчињски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: три пати → трипати
с →‎top: Јазична исправка, replaced: постанал → станал (2)
Ред 5:
'''Проподобниот отец Прохор Пчински''', подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар [[Роман IV Диоген|Диоген]]. Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца. Горејќи од желба за деца, тие усрдно везнесувале молитви кон Бога и многу милостиња давале по црквите и сиромашните. Ана зачнала во староста и родила син, кој на крштението добил име Прохор. Кога Прохор наполнил осум години родителите го испратиле да ја изучува писменоста. Прохор многу напредувал во учењето и со тоа многу ги зарадувал своите родители.
 
Кога Прохор ја изучил книжевната мудрост подобро од своите врсници и постаналстанал полнолетен, родителите намислиле да го оженат за да добијат наследници. Но, Прохор не сакал себе си да се окова во земните окови. Горејќи со љубовен пламен кон Господа, тој жеднеел деноноќно да му служи со умот и срцето, со духот и телото. Затоа ја сакал црквата и нејзините богослужби и секој ден одел на молитва. Слушајќи ги зборовите на на Господа Исуса Христа во Евангелието: Кој го љуби таткото свој или мајката своја повеќе од Мене, не е достоен за Меде; и кој ме љуби Мене, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене. – Прохор одлучил да го остави светот и сите светски убавини, па целиот да се посвети на Бога. Излегувајќи од црквата, каде ги слушал овие Господови зборови, тој целиот свој имот го раздал на сиромашните и отишол во пустина, пеејќи заедно со пророкот Давид: Душата моја жедува за силниот и живиот Бог. Како што црната жеднее по ведни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! (Псал. 41,2,1).
 
Доаѓајќи во нагоричката пустина, Прохор нашол мала пештера и покрај неа мал извор на вода, па тука се населил. Почнал да се подвузува со прекрасен и спасителен подвиг, имајќи го секогаш пред очите на душата Господа Бога. Храната му се состоела од трева и разни растенија. Но, и таа храна ја земал само еднаш на три дена. Со молитвата, пак, секогаш ја нахранувал својата душа. Живеејќи на таков начин, проподобниот поминал во пустината 32 години и за тоа време не видел човечко лице, а се дружел само со ѕверовите кои го посетувале.
 
По Божја промисла се случило ова: некој човек по име Диоген, дошол во лов во пустината, каде што преподобниот се подвизувал. Тој сдогледал една срна и почнал да ја брка. Срната бегајќи дотрчала во пештерата на преподобниот, кој, пак, често ја хранел. Гледајќи ја срната многу уплашена, проподобниот ја запрашал: Зошто така бегаш? Тогаш пристигнал и Диоген, па гледајќи го влакнестиот старец, облечен во искинати алишта, силно се исплашил, се свртел назад и почнал да бега. Светиот пустиножител, предвидувајќи со Духот дека набргу ќе постане цар, почнал да го доикува, велеќки: Диогене, врати се! Не плаши се! Застани! Па и јас сум човек. Слушајќи ги зборовите на преподобниот, Диоген се вратил и со страв паднал пред нозете на чудниот старец, барајќи благослов од него. Светиот старец го благословил и пророчки му рекол: “Диогене, оди веднаш во Цариград, бидејќи Бог ќе те издигне на царскиот престол. А тогаш немој мене да ме заборавиш. Тие, па калишта што се на тебе, остави ги во посебна соба и често навраќај се да ги видиш, спомнувајќи си и за мене, старецот, кој живее во оваа пустина.” Диоген го послушал старецот и веднаш отпатувал во Цариград. И пророштвото на светиот старец се исполнило: по кратко време Диоген постаналстанал цар. Тогаш тој постапил по заповедта на светиот пустиножител и своите стари облеки ги оставил во посебна соба. Но, набргу заборавил на нив. Триесет години после тоа преподобниот Прохор му се јавил на Диоген на сон и му рекол: “Зошто, Диогене, ги заборави своите претходни аблеки, а и мене, старецот? Погрижи се да ми подигнеш макер и малечок храм.”
 
Откако се разбудил, царот го опфатил страв и веднаш отишолд а ги види своите стари облеки и се потцетил на се што му рекел старецот. Сакајќи да ја исполни желбата на преподобниот, царот заминал во пустината, во која го пронашол светиот подвижник бркајќи ја срната. Доаѓајќи во Жеглиговскиот крај, царот не можел да го пронајде светиот старец, бидејќи пред тоа, по Божја промисла, старецот преминал на планината [[Козјак]]. А тоа се случило откако ангел Господов се јавил на преподобниот и му рекол: „Бегај одавде длабоко по пустината во пустината и насели се на Козјак“.