Разлика помеѓу преработките на „Бенџамин Френклин“

Одземени 4 бајти ,  пред 3 месеци
с
→‎Раниот живот во Бостон: Јазична исправка, replaced: постанал → станал
с (→‎Струи во Атлантскиот Океан: Правописна исправка, replaced: Атлантскиот океан → Атлантскиот Океан)
с (→‎Раниот живот во Бостон: Јазична исправка, replaced: постанал → станал)
Бенџамин Френклин е роден на улицата Милк стрит, во Бостон, Масачусетс, јануари 17, 1706,<sup>[1][Белешка 1]</sup> и бил крстен во „Old South Meeting House“. Тој бил едно од седумнаесетте деца на Џосаја Френклин, еден од десетте родени деца на Џосаја и неговата втора сопруга, Абиа Фолгер. Меѓу браќата и сестрите на Бенџамин, најстариот бил неговиот брат Џејмс, а најмлада сестрата Џејн.
 
Џосаја посакувал Бен да посетува школо за свештенство, но имал пари доволни само за две годишно школување. Тој го посетувал и Латинското школо во Бостон, но не успеа да го заврши; го продолжил своето школување преку незаситни читања. И покрај мислењето на неговите родители дека цркавата е кариера<sup>[8]</sup> за Фреклин, неговото школување завршува на десет годишна возраст. Тој работел за својот татко некое време, и на дванаесет годишна возрас тој постаналстанал чирак кај неговиот брат Џејмс, кој бил печатач, кој го научил Бен за трговијата со печатењето. Кога Бен имал петнаесет години, Џејмс ја основал „The New-England Courant“, кој бил првиот вистински независен весник во колониите.
 
Кога му била одземена шансата да напише писмо кое требало да биде обајвено од страна на весникот, Френклин го присвоил псевдонимот на средовечна вдовица „госпоѓа Тивката Дугуд“ („Silence Dogood“). Писмата кои биле обајвени од г-ѓа Дугуд набрзо станеле главна тема на разговор во градот. Ниту Џејмс ниту читателите на „Courant“ не биле свесни за измамата, но Џејмс бил незадоволен откако открива дека токму неговиот помал брат Бен е популарниот дописник. Френклин бил заговорник и подржувач на слободен говор уште од својата рана возраст. Кога неговиот брат бил притворен на три недели во 1722, поради објава на непријатни материјали за гувернерот, младиот Френклин го превзима весникот и како г-ѓа Дугуд (цитирајќи ги писмата на Като) објавува: „Без слобода на мислата не може да пости такво нешто како мудрост и нема такво нешто кое се нарекува јавна слобода без слобода на говорот.“<sup>[9]</sup> Френклин ја напушта својата позиција како чирак без одобрение на својот брат и со тоа станува бегалец.<sup>[10]</sup>