Месопотамска митологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
космологија
Ред 20:
* [[Шерида]], мајка-божица и сопруга на богот на сонцето [[Уту]]. Подоцна, позната како акадска божица [[Аја]], сопруга на [[Шамаш]].
* [[Нинурта]] (наречена и Нингирсу), со храм во [[Лагаш]].
 
==Месопотамска космологија==
[[Податотека:Sumerian symbology.jpg|right|300px]]
Месопотамската космологија се чини е еден вид генеолошки систем на двојни спротивности, машки и женски, кои преку свети бракови ги создавале наредните генерации на божества. [[Универзум]]от најпрвин се појавил кога [[Наму]], веројатно безобличен хаос, се свиткал околу себе и ги родил првите божества. Според [[вавилон]]ската [[Енума Елиш]], првиот брак е меѓу [[Тиамат]], божицата на солената вода, и [[Апсу]], богот на слатките води. Од нив се родил [[Лахаму]] или Лахму, наречен „калливиот“ или „влакнестиот“, титула која му е дадена на чуварот на капијата на храмот во [[Ериду]], кој ги родил [[Аншар]] и [[Кишар]], кои се однесуваат на небесните полови, а кои се сметаат за родители на [[Ану]] (небесниот бог) и [[Ки]] (божицата на земјата). Овие божества им ги дале имињата на останатите од месопотамскиот пантеон.