Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Достава на масовни пораки
Опера
Ред 74:
Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.[[User:MediaWiki message delivery|MediaWiki message delivery]] <small>([[User talk:MediaWiki message delivery|разговор]])</small> 21:03, 3 април 2021 (CEST)
<!-- Пораката ја испрати Корисник:Ehrlich91@mkwiki преку списокот на https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B0%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%80_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B4%D0%B8&oldid=4491191 -->
 
==Опера==
Здраво Катерина. Најпрвин, примете големи честитки за напорот што сте го вложиле во преуредувањето на статијата за Опера која, како што забележав, сте ја создале по пат на преведување. Меѓутоа, при преуредувањето на страницата сте го избришале моето постаро уредување од 2017 година во кое ги наведувам критичките ставови на Волтер за операта (во кои тој ја нарекува „одвратна“ и слично). Дозволете мал совет во однос на уредувањето на Википедија. Кога дополнувате некоја статија, не е добро да го избришете сето она што било претходно напишано, т.е. треба да го задржите она што е релевантно и издржано. Во конкретниов случај, независно дали се согласувате со ставовите на Волтер или не, неговото мислење е релевантно и требало да го задржите на страницата. Имено, при уредувањето на Википедија е важна објективноста, односно не треба да бришеме уредувања, ако не се согласуваме со нив. Поздрав, Горан Петревски.
[[User:ГП|ГП]] <small>([[User talk:ГП|разговор]])</small> 00:15, 25 мај 2021 (CEST)