Леонард Ојлер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Математичка нотација: Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник
→‎Аналитичка геометрија: Јазично подобрување, replaced: ротациони → вртежни
Ред 106:
 
=== Аналитичка геометрија ===
Ојлеровиот придонес во [[Аналитичка геометрија|аналитичката геометрија]] се состои во формулација на равенства кои опишуваат [[конус]], [[цилиндар]] и различни ротационивртежни површини. Пред тоа, тој докажал дека најкраткото растојание меѓу две точки на искривена површина се претвора во [[отсечка]], доколку таа површина се претстави на [[рамнина]]. Ојлер бил првиот математичар којшто ги проучувал сите криви заедно и темелно се занимавал со трансцеденталната функција (на пр. [[синусоида]]та).
 
Ојлер напишал книга за поделбата на кривите и површините. Во ''Вовед во анализата на бесконечно величини'' се наоѓа комплетна и исцрпна дискусија за [[Поларен координатен систем|поларните координати]], кои се дадени во современ облик. Тој докажал и неколку теореми во општата геометрија, меѓу кои и тврдењето дека [[тежиште]]то, [[ортоцентар]]от и центарот на опишаната [[кружница]] во [[триаголник]] секогаш и припаѓаат на една иста [[права (линија)|права]]. Во негова чест, таа права е наречена [[Ојлерова права]].