Податотечен систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Безбедносна околина: Јазична исправка, replaced: во предвид → предвид
→‎Големина на блокови: Јазично подобрување, replaced: ротационо → вртежно
Ред 52:
===Големина на блокови===
 
Откако ќе се одлучи за чување на податотека со фиксна големина на блокови, се поставува прашањето колку голем треба да биде блокот. Со оглед на начинот како дисковите се огранизирани, секторот, патот и цилиндарот се очигледни кандидати за распределба. Во системот за страничење, големината на страната е исто така голем фаворит. Имајќи голема распределба на единиците, како што е цилиндарот, значи секоја податотека, дури и 1-бајт податотека, се врзува за целиот цилиндар. Студиите (Мулендер и Таненбаум 1984) покажаа дека средната големина на податотеката во UNIX изнесува околу 1К, па распределбата на 32К цилиндри за секоја податотека би бил „отпад“ 31/32 или 97% од вкупниот простор на дискот. Од друга страна, користењето на мали единици за распределување значи дека секоја податотека ќе содржи многу блокови. Читањето на секој блок нормално бара и ротациони одложувања, па читањето на податотека која се состои од многу мали блокови ќе биде бавно. Како пример да земеме диск со 32,768 бајти за патека, ротационовртежно време од 16,67мсек и во просек бара време од 30мсек. Времето во милисекунди за читање на блок од k бајти е збирот од барања, ротациони одлагања и пренос:
Т.е. 30+8,3+(k/32768)*16,67