Кинетичка енергија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Јазично подобрување, replaced: ротациона → вртежна (3)
→‎Вовед: Јазично подобрување, replaced: ротационо → вртежно
Ред 37:
Кинетичката енергија може да се пренесе од едно тело на друго. При играње билијард, играчот придава кинетичка енергија на топчето со тоа што го удира со стапот. Доколку топчето се судри со друго топче, брзината кај него драстично се намалува, додека топчето со кое се судрило добива забрзување, поради кинетичката енергија која ја добило од другото топче. Судирите при играње билијард се од еластична природа, односно кинетичката енергија се зачувува (само се пренесува од едно тело на друго без при тоа да се претвори во некој друг вид на енергија). Но, при судири од нееластична природа доаѓа до претворање на кинетичката енергија во други форми на енергија (топлина, звук итн.).
 
Постои направа наречена замаец, којашто служи за зачувување на енергија. Ова докажува дека кинетичката енергија може да се зачува во ротационовртежно движење.
 
Постојат повеќе математички описи на кинетичката енергија. За тела или процеси кои се одвиваат во секојдневието на човекот, формулата ½mv², поставена од Њутновата механика, може да се примени. Но, доколку брзината на едно тело е споредлива со онаа на брзината, тогаш се користи релативистичката формула. Доколку телото е на атомско или субатомско ниво, тогаш се користи квантномеханички модел.