Јосиф Чешмеџиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 54:
Во периодот додека пишувал за списанието „Устрем“, сфаќајќи го значењето на запишувањето, зачувувањето и популаризирањето на сопствената песна, „Сојузот на македонските младински културно-просветни организации“ во Бугарија, носи решение да се публикува зборник со македонски песни. Таа задача му ја доверува Чешмеџиев кој веќе се занимавал со собирање на македонски народни песни. Тој морал да собере, одбере и да ги разработи песните кои ќе влезат во зборникот.<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />
 
Збирката на Чешмеџиев е насловена ''„Бугарски„[[Бугарски Македонски песни (збирка од 1926 г.)|Бугарски Македонски песни, Оригинални и во народен тон во 2 или 3 гласа за еднороден или мешан хор“хор]]“'' ''({{Јаз|bg|„Български Македонски песни, оригинален и въ народен тонъ на 2 и 3 гласа за единороденъ и смесенъ хоръ отъ Йосифъ Чешмеджиевъ“}})'' и е издадена во Софија, 1926 г. Во предговорот кон збирката, Чешмеџиев соопштува неколку податоци што се однесуваат кон важни прашања од неговата собирачка дејност, имено, тој нагласува:<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />
 
{{Quote
|text=''„Сојузот на македонските младински културно-просветни организации во Бугарија ми го наложи собирањето и обработката на песните, што ќе влезат во зборникот. Јас со радост се наведнав под тешкиот товар. И тргнав заедно со мојот другар Н. Џеров, по селата и градовите да собираме песни, и за кусо време собравме 214 песни бисерчиња, кон 869 други кои ги собрав порано. Не сите ќе видат бел ден одеднаш, туку во неколку низи.“''
}}
 
Според напишаното, во оваа збирка Чешмеџиев објавил само мал ден од своите записи. Исправен пред огромниот фонд запишани фолклорни материјали, и желбата тие да се обработат и објават, тој искажал оптимизам дека тоа ќе го оствари во повеќе изданија што тој ги нарекува „низи“. Оваа збирка содржи вкупно 48 македонски народни песни, сите во музичка обработка на Чешмеџиев. Има љубовни и обредни (лазарски, василичарски, свадбени песни), но и митолошки, хумористично-сатирични и други песни. Забележително е дека некои од песните се авторски, на пример, под две песни е потпишан Н. Џеров, под една Александар Попорушев итн. Под повеќе песни се потпишани се и информаторите, на пример, М. Антонова од Охрид, која на запишувачот му испеала повеќе песни, а има и малешевски, велешки, скопски, струмички, дебарски, струшки и штипски песни, како и песни од Виница, Петрич, с. Долни Орман, Неврокоп, с. Елешница, Демир-Хисар, с. Џерменци, с. Лешко, Горна Џумаја итн.<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />
 
За македонската фолклористика посебно е значаен и често е цитиран предговорот на оваа книга во кој Чешмеџиев искажува некои мисли за високите вредности на македонските народни песни и фолклор:<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />