Образование во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Создавање на првите световни училишта: Правописна исправка, replaced: отвара → отвора (2)
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
 
Првите вакви училишта биле во: [[Скопје]] (1835 или 1836), [[Велес]] (1837), [[Банско]] (1838), [[Штип]] и [[Неврокоп]] (1840), [[Прилеп]] (1843), [[Куманово]] и [[Тетово]] (1852). Во овие училишта покрај црковните предмети биле воведени и световни предмети, голема заслуга за развој на наставата во овие училишта имал [[Јордан Хаџи Константинов-Џинот]].
 
==Законска рамка==
===Предучилишно образование===
Образованието започнува од најмала возраст. Предучилишното образование на возраст од 3 до 6 години е од клучно значење за развојот на мозокот и учењето, особено развивање на интелектуална љубопитност, истрајност, социјални вештини и емотивна стабилност во детството и адолесцентските години. Овие вештини се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето.
Предучилишното образование е незадолжително и се уредува со Законот за заштита на децата, а најголем дел од надлежностите ги има [[Министерство за труд и социјална политика на Македонија|Министерството за труд и социјална политика]]. Бирото за развој на образованието ја потенцира потребата од донесување посебен закон за предучилишно образование, и целосно префрлање на надлежностите на [[Министерство за образование и наука на Македонија|Министерството за образование и наука]], заради подигање на квалитетот и унапредување на функционалното поврзување со основното образование.
Покрај трендот на зголемување на опфатот на деца со предучилишно образование, истиот е на незадоволително ниво и за деца на возраст од 36-59 месеци изнесува 36.8 %. Особено ниска опфатеност постои во руралните средини и во [[Македонски Роми|ромските]] населби, како и на децата со попреченост. Немањето просторни капацитети е една од основните причини за малата опфатеност. Бројот на деца по групи е вообичаено за два до трипати поголем од законски предвидениот, а уписот на децата е отежнат поради долгите листи на чекање.<ref=Алтернативен извештај>
{{Наведена мрежна страница| title= Алтернативен извештај на невладините организции за состојбата со правата на децата во Македонија | url= http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%90%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98_%D1%84%D0%B8%D0%BD.pdf | work= | publisher=[[Меѓаши|Прва детска амбасада во светот Меѓаши]] |page=72 | date=2020 | accessdate=18 мај 2021}} </ref>
 
===Училишно образование===
 
Во [[Македонија]], [[основно образование|основното]] и [[средно образование|средното образование]] се задолжителни за сите деца. Посебни закони, Законот за основно образование и Законот за средно образование ги уредуваат воспитно–образовниот процес, дејноста, организацијата, функционирањето и управувањето на двете нивоа на образование. Законот за основно образование се заснова на правото на бесплатно и квалитетно образование на секое дете (член 3) и ги потенцира основните начела на основнотот образование, меѓу кои и најдобриот интерес на детето, еднаквост, достапност, пристапност и инклузивност, квалитет на образованието и меѓународна споредливост на знаењата на учениците итн. (член 4).
Законот за средно образование утврдува дека средното образование (гимназиско и стручно) е задолжително за секој граѓанин, е бесплатно и под еднакви услов за сите (член 3).
Покрај тоа што основното и средното образование е задолжително и бесплатно, 1.7 % од децата не се вклучени во основно, додека 8.4 % не се вклучени во средно образование. Пристапот до образование е особено предизвик за децата Роми, од кои 18.7 % не посетуваат основно, а 52.8 % не посетуваат средно образование. Се забележуваат одредени напори за зголемување на нивниот опфат, но постојат бројни системски пречки што го отежнуваат овој процес.<ref=Алтернативен извештај></ref>
Надвор од образовниот систем остануваат и учениците кои ги немаат примено потребните вакцини. [[Уставен суд на Македонија|Уставниот суд]] констатира дека условувањето на упис на детето во основно училиште со приложување на доказ за извршена вакцинација не претставува дискриминација. [[Народен правобранител на Македонија|Народниот правобранител]] повеќепати им укажува на [[Влада на Македонија|Владата]] за потребата да се изнајде решение кое нема да ги попречува овие деца во остварувањето на правото на образование, но проблемот не е надминат. Децата со ретки состојби/заболувања кои не се во можност да посетуваат редовна настава подолго време, не секогаш добиваат адекватна поддршка во училиштата. За време на [[Пандемија на КОВИД-19 во Македонија|пандемијата од Ковид-19]], учениците имале значајни проблеми во следењето во онлајн наставата. Не сите ученици биле во можност да следат онлајн настава (поради немањето технички уреди и [[интернет]]) и да добијат исто ниво на поддршка во својот дом. Потребните подготовки за учебната 2020/21 година не биле навремени. Ниту наставниот кадар ја добил потребната обука, ниту биле обезбедени технички уреди и интернет за учениците кои немале. При планирањето немало широка консултација на наставниците, родителите и учениците.<ref=Алтернативен извештај></ref>
 
===Цели на образованието===
 
Пристапот до квалитетно образование е основно право на сите деца.
 
Законот за основно образование ги дефинира целите на основното образование (член 7) и меѓу нив:
• обезбедување целосен опфат во воспитно-образовниот процес и одговарање на разновидните потреби на сите ученици преку обезбедување суштинско учество на сите ученици во него,
• постигнување на националните стандарди за учениците во основно образование од подрачјата: јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво и финансиска писменост како и уметничко изразување, култура и мултикултура,
• развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност иодговорност за своите постапки,
• воспитување за почитување на различностите, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права,
• подготвување на ученикот за одговорен живот во слободно, граѓанско и демократско општество,
• развивање на способности и вештини за истражување, експериментирање и решавање на проблеми,
• стекнување општи и применливи знаења и вештини што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование,
• оспособување за натамошно образование и доживотно учење
Резултатите од ПИСА тестирањата укажуваат дека способностите на учениците во читање, математика и природни науки се под меѓународниот просек. Образовниот систем недоволно ги развива критичкото мислење и научниот пристап во разгледување на информациите од страна на учениците. Учениците не ги перцeпираат наставните содржини како поврзани со секојдневниот живот и применливи, нивната мотивација е во најголем степен инструментална и учат заради оценките, а не за знаења. Во училиштата доминантно се користени традиционалните методи на настава, кадешто наставникот е пренесувач на знаењето, а учениците се пасивни приматели од кои најчесто се очекува репродукција на знаење.<ref=Алтернативен извештај></ref>
 
Сè уште е присутна сегрегација на учениците Роми, најчесто преку неформални облици, социјални притисоци и практики на одвојување. Статусот „ромско училиште“ е причина што учениците од другите националности се запишуваат во соседните училишта. Воедно, во дел од повеќејазичните училишта наставата е просторно и временски организирана така што не овозможува учениците од различните наставни јазици да учат заедно (во ист објект/дел од објектот и во иста смена) и да имаат услови за непосреден контакт. Поделбата на учениците по лингвистички и етнички линии не стимулира запознавање и учење за другите етнички заедници, туку доведува до креирање меѓуетнички поделби кои понатаму се рефлектираат во останатите сфери. Активностите во училиштата за градење разбирање, мир, толеранција и меѓуетничка интеграција се главно поддржани од невладините организации.<ref=Алтернативен извештај></ref>
 
Во истражувањето на [[Меѓаши]], учениците истакнуваат дека доколку тие се во улога на директори на училиштата би воделе поголема грижа за хигиената, би се потрудиле да го подобрат односот на наставниците/професорите кон учениците, би направиле повеќе за менталното и физичкото здравје на децата, би го подобриле квалитетот на наставата, би ги направиле часовите поинтересни и би се потрудиле учениците да бидат повеќе вклучени во одлучувањето.<ref>
{{Наведена мрежна страница| title= АНАЛИЗА НА НАОДИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА | url= http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%90%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0_%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20(%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0).pdf | work= | publisher=[[Меѓаши|Прва детска амбасада во светот Меѓаши]] |page= | date=септември 2020 | accessdate=18 мај 2021}} </ref>
Во Алтернатиовниот извештај за состојбата со прават на децата во Македонија – од перспектива на децата велат „Не е важно само да се има можност да се оди на училиште, туку и што се учи таму и атмосферата во него. Човек треба да има и физичко, и емоционално, и психолошкото здравје за да биде целосен. Училиштата се должни да нè едуцираат за секој од овие делови и очекуваме училиштата да ги негуваат нив. Исто така, училиштето треба да ги подготви децата за самостојност и независност, тие треба да бидат подготвени со решенија за проблемите од секојдневниот живот...“.
 
Изминатите образовни реформи вообичаено не се базирани на системски пристап и се одвиваа без консултација на главните чинители во образовниот систем (наставниот кадар, децата и родителите), поради што истите не ги постигнaa во целост предвидените цели. (http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%90%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98_%D1%84%D0%B8%D0%BD.pdf)
 
 
 
== Надворешни врски ==
* [https://mon.gov.mk/ Министерство за образование и наука]
* [https://www.bro.gov.mk/ Биро за развој на образованието]
* [https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20osnovnoto%20obrazovanie%20-%20nov.pdf Закон за основното образование]
* [https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20srednoto%20obrazovanie.pdf Закон за средното образование]
 
{{Македонско национално движење}}