Демократски социјализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Надворешни врски: clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Социјализам}}
'''ДемократскиотДемократски социјализам''' е [[социјализам|социјалистичка]] теорија што се залага за воспоставување на социјалистичко општество, кое ќе се карактеризира со проширување и продлабочување на [[демократија]]та во однос на ситуацијата во [[капитализам|капитализмот]], а за разлика од [[комунизам|комунистичката]] визија за социјализмот. Покрај ова основно значење на поимот „демократски социјализам“, тој се користи и од страна на [[социјалдемократија]]та за означување на нејзината визија на изградба на [[држава на благосостојба]] во рамките на капитализмот.
 
Најчесто, оние што се сметаат за социјалисти сметаат дека социјализмот по дефиниција е демократски и дека нема потреба од нагласување на таа негова карактеристика, но бидејќи практиката покажа дека е можно градењето на социјалистичко општество да заврши во [[тоталитаризам]], а не во демократија (како што покажа искуството со комунизмот), сепак оние што се сметаат за демократски социјалисти инсистираат на тоа дека нивната визија за социјализмот е демократска.