Ниџе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 51:
==Растителен и животински свет==
 
Планината Ниџе е значајна по богатството со [[шума]], планински [[пасишта]], разновидна [[фауна]]. Ниџе е една од најбогатите планини со шуми во [[Македонија]], што се должи на фактот дека планината е многу слабо сообраќајно поврзана, далеку од главните патни правци односно речиси непристапна и воедно нејзината падина во [[Мариово]] е многу малку населена, односно скоро без постојани жители. Изобилува со специфични фаунистички типови, а карактеристично за Ниџе е тоа што од подножјето до највисоките делови на врвовите се сретнуваат и јавуваат сите флористички типови кои се распространети и се среќаваат од [[Средоземно Море|Средоземјето]] до [[Северна Европа]]<ref name="Македонска енциклопедија">{{наведена книга|last=Андоновски|first=Томе|title=Македонска енциклопедија|volume=2|year=2009|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|page=1056}}</ref>. Тука, сите тие се распоредени на мал простор и тоа висински, од подножјето до врвот. Шумскиот појас е претставен со даб, бука и зимзелени иглолисни шуми. Ниџе една од ретките планини во [[Македонија]] и на [[Балкан]]от каде што меѓу зимзелените иглолисни шуми може да се најде застапен познатиот бел македонски бор - [[молика]]. Вкупниот шумски фонд на планината Ниџе е застапен на над 15.000 хектари. Исто така, Ниџе е една од најбогатите македонски планини со дивеч, што е исто така резултат на непристапноста, одалеченоста, слабата населеност и неповолна сообраќајна и патна поврзаност. Најчести претставници на животинскиот свет на Ниџе се: [[волк]]от, [[мечка]]та, дивата свиња, [[срна]]та, дивата мачка, разни птици<ref name="Башески" /> од кои најмногу орли, соколи, мршојадци идри др.
 
;<center>'''Застапеност на шумите на Ниџе'''<ref name="шумарство">{{наведена книга|last=Стојмилов|first=Александар|title=Шумарство|series=Мариово - комплексни географски истражувања|year=1984|publisher=Географски факултет|location=Скопје|language=македонски|page=313}}</ref> </center>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ниџе