Кубер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Ред 13:
 
== Полемики меѓу историчарите ==
[[Image:BOLGAR_icon_Vinitza.jpg|thumb|250px|Реконструирана [[Винички теракотни икони|плочка од теракота пронајдена во Виница]], што отсликува битка од крајот на VII век помеѓу Прабугарите на Кубер и местните Словени.<ref>{{cite book |last1=Balabanov |first1=Kosta |title=Vinica Fortress : mythology, religion and history written with clay |date=2011 |publisher=Matica |location=Skopje |pages=273 – 309}}</ref>]]
=== Местоположба на Керамесиското Поле ===
Најголемиот дел од истражувачите, Керамесиското поле го локализираат во [[Пелагонија]]. Всушност ваквата локција прв ја предложил Тафел уште во првата половина на 19 век <ref name="BA"/>, а подоцна од него ја прифатиле и останатите истражувачи кои Керамесиското поле го поистоветуваат со Прилепското или Битолското поле<ref name="BA"/>. При одредувањето на локацијата на Кермесиското поле Тафел и неговите истомисленици поаѓаат од античката населба Керамија, која во Табула Појтингеријана се наведува на патот [[Стоби]] и [[Хераклеја]], а во литературата најчесто се лоцира кај [[Прилеп]] <ref>''Ф. Папазоглу, Градови 218 - 219''</ref>. Етимолошката поврзаност на имињата на двата топонима е очигледна и не може да се оспори. Таа е единствен аргумент на приврзаниците на ваквата локација <ref name="BA"/>. Кај [[Битола]] ''Керамесиското поле'' го лоцираат : Златарски <ref>''Историја I- 1, 174, 207''</ref>, Баришиќ <ref>''ВИНЈ I 213н. 58''</ref>, Бешевлиев <ref>''Die Protobulgarischen inschriften, Berlin 1963,108''</ref>, Муатфчиев<ref>меѓутоа треба да се истакне дека тој не се определува конкретно за двата града туку Керамесиското поле го лоцира околу Прилеп и [[Битола]] ''Историја на Бугарскиот народ, 681 - 1323, Софија, 1986, 108''</ref>. На Прилеп предност му даваат: Лемерл<ref>''Invasions et migrations, 297''</ref>, Владмилер <ref>''Slawen 342 n. 62, 407''</ref>, Поповиќ <ref>''Orgines 152, Куврат, Кувер и Аспарух, 114''</ref>. Меѓутоа треба да се истакне дека врз основа на анонимниот автор на ''Miraculi II'' Керамесиското поле треба да се бара во близината на градот [[Солун]] <ref name="BA"/>. Кувер и Сермесијаните се населиле во соседството на словенското племе [[Драговити]] за кој се знае дека никогаш не го населувало Прилепското Поле,<ref name="BA"/> туку егзистирало северозападно од Солун, односно тие ги зафаќале просторите меѓу Солун, [[Воден]] и [[Бер]].<ref name="BA"/> Од тоа следува дека Керамесиското поле треба да се бара тука <ref name="BA"/>. За нив може да се каже дека се соседни на Пелагонија но никако на Прилепското Поле <ref name="BA"/>. Не може да се тврди дека Битола и Прилеп не се далеку од Солун бидејќи Прилеп е оддалечен повеќе од 200 километри, а Битола нешто помалку од 200 километри од Солун, односно Сермесијаните заедно со своите жени и деца не би можеле да ја минат таа дистанција за неколку дена <ref name="BA"/>. Затоа македонскиот историчар Коста Аџиевски смета дека Кермесиското поле треба да се бара поблиску до Солун, односно северозападно од него.<ref name="BA"/> Од друга страна од ''Miraculi II'' откриваме дека кога Сермесијаните дознале дека Солун се наоѓал недалеку од нив, тие се упатиле кон градот <ref name="BA"/> . Покрај вестите на анонимниот автор на ''Miracuki II'' за локацијата на Керамесиското поле, бугарските историчари сметаат дека има информација и во еден прабугарски натпис од Мадара на бугарскиот владетел [[Тервел]], напишан по негова наредба меѓу 705 и 707 година. Според тоа толкување стрикото на Тервел, односно Кубер, ги населувал териториите околу (кај, покрај, во близина на) Солун<ref>''„.. на Бугарите... и дошол кон Тервел. На носоотсечениот император не му поверуваа моите чичковци во Солун и се вратија во Кисиниите... негов еден... преку договор вождот Тервел му даде на императорот... 5 илјади... императорот заедно со мене победи добро.“'' '''Всушност натписот никаде не зборува ни за Керамесиското поле, ниту пак за неговото доаѓање во Македонија, не го ни спомнува Кубер, туку единствено говори за враќање на чичковците на Тервел од Солун, но и не разоткрива кои се тие лица.'''( Дополнително види кај: ''V. Besevliev, Zur Deutung und protobulgrischen inschriften vor dem Reiter von Madara, Bulgarien, BZ 47 - 1 (1954)'')</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кубер