Александар Сергеевич Пушкин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
==Песните на западните Словени==
Кон крајот на 1820 година, младиот Пушкин пристигнал во [[Кишињев]] каде во куќата на неговиот пријател Павел Петрович Липранди имал прилика да сретне повеќе [[Срби]] кои се доселиле таму по пропаста на [[Прво српско востание|Првото српско востание]]. За тоа, Липранди напишал: „Пушкин кај мене често се среќаваше со српските војводи кои беа доселени во Кишињев: Вулиќ, Ненадовиќ, Живковиќ, со двајца браќа [[Македонци]] и други, кои ми носеа материјали. Не се сеќавам, но како Пушкин да земаше некои белешки од мене... Од споменатите [[Војвода|војводи]] тој собираше песни и често пред мене ги прашуваше што значат определени зборови, заради преводот...“ Исто така, Пушкин се запознал и со српскиот поет [[Атанасије Стојковиќ]], а некоја млада девојка му пеела српски народни песни и му ги преведувала на [[српски јазик]]. На тој начин, во [[Бесарабија]] и подоцна во [[Одеса]] Пушкин се заинтересирал за српската народна книжевност. Една вечер, во домот на Липранди, Пушкин ја прочитал песната „Ќерката на [[Караѓорѓе Петровиќ|Караѓорѓе]]“ која во тоа време живеела во [[Хотин]], во близината на Кишињев. Многу подоцна, кога српските народни песни биле познати ширум Европа, во 1834 година, Пушкин ја напишал збирката „[[Песни на западните Словени (Пушкин)|Песни на западните Словени]]“. Најголем дел од песните се превод од [[француски јазик]], од збирката „Гусли“ (''La Guzla'') која анонимно ја објавил [[Проспер Мериме]]. Мериме тврдел дека тие се „илирски“ песни собрани во [[Далмација]], [[Хрватска]], [[Босна]] и [[Херцеговина]], но всушност нив ги измислил самиот Мериме.<ref>Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, ''Lirika''. Beograd: Rad, 1979, стр. 31-36.</ref>
 
==Осврт кон творештвото на Пушкин==