Александар Сергеевич Пушкин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Животопис: дополнување
Ред 28:
==Сказните на Пушкин==
Сказните на Пушкин не се најглавен, но не се ни спореден дел од неговото творештво. И во сказните тој ги поларизира односите, ги контрастира човечките психологии и карактери, и на свој поединечен начин ги покажува вечните опозиции: добро-зло, убаво-грдо. Пушкин мајсторски раскажува во стих, и тоа е една особеност која се појавува во целото негово творештво, а не само во сказните. Мотивски тој се потпира врз руското [[фолклор]]но творештво, врз легендите и преданијата, но и врз сопствената имагинација и сопственото чувствување на јазикот. Во својата „[[Сказна за рибарот и рипката]]“ на алегориски начин и со потсмев проговора за алчноста на луѓето, за онаа безмерна алчност на бабата, која станала болјарка, дури и царица, посакувајќи и златната волшебна рипка да ѝ биде слугинка, иако токму рипката со својата со својата волшебна моќ ја пресоздава од сиромашна рибарка во царица.
 
==Песните на западните Словени==
Кон крајот на 1820 година, младиот Пушкин пристигнал во [[Кишињев]] каде во куќата на неговиот пријател Павел Петрович Липранди имал прилика да сретне повеќе [[Срби]] кои се доселиле таму по пропаста на [[Прво српско востание|Првото српско востание]]. За тоа, Липранди напишал: „Пушкин кај мене често се среќаваше со српските војводи кои беа доселени во Кишињев: Вулиќ, Ненадовиќ, Живковиќ, со двајца браќа [[Македонци]] и други, кои ми носеа материјали. Не се сеќавам, но како Пушкин да земаше некои белешки од мене... Од споменатите [[Војвода|војводи]] тој собираше песни и често пред мене ги прашуваше што значат определени зборови, заради преводот...“ Исто така, Пушкин се запознал и со српскиот поет [[Атанасије Стојковиќ]], а некоја млада девојка му пеела српски народни песни и му ги преведувала на [[српски јазик]]. На тој начин, во [[Бесарабија]] и подоцна во [[Одеса]] Пушкин се заинтересирал за српската народна книжевност. Една вечер, во домот на Липранди, Пушкин ја прочитал песната „Ќерката на [[Караѓорѓе Петровиќ|Караѓорѓе]]“ која во тоа време живеела во [[Хотин]], во близината на Кишињев. Многу подоцна, кога српските народни песни биле познати ширум Европа, во 1834 година, Пушкин ја напишал збирката „[[Песни на западните Словени (Пушкин)]]“. Најголем дел од песните се превод од [[француски јазик]], од збирката „Гусли“ (''La Guzla'') која анонимно ја објавил [[Проспер Мериме]]. Мериме тврдел дека тие се „илирски“ песни собрани во [[Далмација]], [[Хрватска]], [[Босна]] и [[Херцеговина]], но всушност нив ги измислил самиот Мериме.<ref>Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, ''Lirika''. Beograd: Rad, 1979, стр. 31-36.</ref>
 
==Осврт кон творештвото на Пушкин==