Евгениј Онегин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
* Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот [[петроград]]ски слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе, како Онегин.
 
==Настанувањето на делото==
==За настанувањето==
Романот во стихови „Евгениј Онегин“ Пушкин го работел цели осум години, од [[1823]] до [[1831]] година. Како се пишувани, така и се објавувани главите од романот, една по една. Првата глава е започната на југ, [[Кишинев]], на [[9 мај]] [[1823]] година, и е завршена есента, на 22 октомври истата година, а испечатена во февруари 1825 година во [[Петроград]]. Неа Пушкин ја посветил на својот брат Л.С. Пушкин. Втората и третата глава се напишани во [[Одеса]]. Всушност третата глава е таму почната, но завршена е во [[Михаиловско]], каде што Пушкин го издржува своето второ прогонство.<ref name="III 1986">А. С. Пушкин, ''Одбрани дела во пет тома'', том III. Скопје: Наша книга, 1986, стр. 209.</ref> Четвртата глава е започната во октомври 1824 година, а завршена на 31 јануари 1826 година. Петтата глава Пушкин ја започнува утредента по завршување на четвртата, а истата 1826 година ја напишал и шестата глава, која завршила со забелешката: „Крај на првиот дел“.<ref>А. С. Пушкин, ''Одбрани дела во пет тома'', том III. Скопје: Наша книга, 1986, стр. 210.</ref>