Јован Богослов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Источна католичка → Источнокатоличка
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
'''Апостол Јован Богослов''' — еден од [[дванаесет апостоли|дванаесетте апостоли]] на [[Исус Христос]] и е признат за христијански [[светец]], еден од творците на [[Евангелие]]то.
 
Апостол Јован е роден во [[Палестина (регион)|Палестина]]. Неговите родители се викале татко Зеведеј и мајка Салома. Јован заедно со својот татко и брат биле рибари. Во [[Евангелие]]то, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој е еден од првите ученици на [[Јован Крстител]]. Заедно со [[Свети Андреј]], прв станал апостол на [[Исус Христос]]. Заедно со [[Свети Јаков]] и [[Свети Петар]], тој е еден од апостолите на кој Исус најмногу им верувал. По воскреснувањето на Исус, тој останал во [[Ерусалим]] заедно со [[Свети Петар]], лечејќи го народот од разни болести.
 
Во [[Ерусалим]] се задржал сè до смртта на [[Дева Марија]], најмногу поради тоа што и самиот [[Исус Христос]] на крстот му ја дал оваа задача да се грижи за неговата мајка. Во 60 година проповедал во [[Мала Азија]], станувајќи бискуп и основач на христијанската црква на овие простори. Доживеал длабока старост, починал на 101 година во времето на [[цар Трајан]]. Според [[Библија]]та, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот.