Цигани (Пушкин): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 23:58, 10 мај 2021

„Цигани“ — поема на рускиот поет Александар Сергеевич Пушкин.

Содржина

Осврт кон делото

Поемата „Цигани“ спаѓа во циклусот на Пушкиновите „бајроновски“ поеми напишани во времето кога тој, според сопственото признание, „лудувал над Бајроновите книги“ .Сепак, во неа можат да се најдат јасни антиромантичарски ставови. Всушност, целата оваа поема претставува одговор на едно од клучните прашања на европскиот преромантизам - на русоовскиот повик за враќање кон природата. Пушкин го испратил својот книжевен јунак Алеко, човек уморен од цивилизацијата и доведен до злосторство, меѓу чергарите кои скитаат низ Бесарабија. Во степата, Алеко води слободен живот и така го остварува русоовскиот експеримент за враќањето кон природата. Меѓутоа, Пушкин сфаќа дека тоа не е доволно за да се оствари среќен и хармоничен живот и во заклучокот на поемата го негира преромантичарскиот идеал, пеејќи:[1]

Но, малку среќа и тука има, Деца на природата, меѓу вас... Од кобните страсти секаде се страда И од нив нас ништо не нè брани.

Наводи

  1. Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 15.