Катланово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
[[Податотека:P4250436.JPG|мини|десно|Црквата „Св. Никола“ во Катланово]]
[[Податотека:Savina Češma.JPG|мини|десно|Савината чешма во Катланово, посветена на [[Света Недела|Св. Недела]] и [[Свети Сисоја|Св. Сисоја]]]]
'''Катланово''' — село во областа [[Блатија]], во [[Општина Петровец]], на патот помеѓу градовите [[Велес]] и [[Скопје]]. Во неговата непосредна близина се наоѓаат термалните минерални извори на вода на кои е изградена познатата [[Катлановска Бања]].
 
== Географија и местоположба ==
Катланово се наоѓа во југоисточниот дел на [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]] на десниот брег на реката [[Пчиња]] пред нејзиниот влез во [[Бадерска Клисура|Прнарската Клисура]]<ref name="ReferenceA">Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168</ref>. Селото Катланово е сместено во средишниот дел на [[Општина Петровец]], низ него минува автопатот „Александар Македонски“„Пријателство“ (Е-75), односно делницата [[Скопје]] - [[Велес]] и во неговата непосредна близина се наоѓаат термалните минерални извори на вода на кои е изградена познатата [[Катлановска Бања]]<ref name="ReferenceB">Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.148</ref>.

Катланово е рамничарско село, расположено на надморска височина од 240 метри и се наоѓа на 14 километри оддалечност од општинското средиште [[Петровец]] и на 27 километри оддалечност од [[Скопје]]<ref name="ReferenceB"/>. Куќите се распоредени од подножјето на ридот Падарница на северозапад во рамничарскиот предел крај десниот брег на реката [[Пчиња]]. Поради својата средишна местоположба во однос на повеќе други села во ридско-планинскиот предел во блиската околина селото Катланово е рурален центар во рамките на [[Општина Петровец]] за селата [[Летевци]], [[Брезница]], [[Градманци]], [[Блаце (Скопско)|Блаце]], [[Бадар]] и [[Кожле]]<ref>[http://www.petrovec.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=78&Itemid=214&lang=en Општина Петровец - Населени места]</ref>. Поради ваквата географска местоположба од селото Катланово водат и три локални патни правци: кон селата [[Блаце (Скопско)|Блаце]], [[Бадар]] и [[Кожле]], кон селата [[Летевци]] и [[Брезница]] и кон селото [[Градманци]] кој како земјен пат продолжува кон селата [[Џидимирци (Велешко)|Џидимирци]] и [[Крушје]] во [[Општина Велес]].

Атарот на Катланово зафаќа површина од 15,6&nbsp;км<sup>2</sup>, од кои 538 хектари се обработливо земјиште, пасиштата зафаќаат 621 хектар, а под шуми се 165 хектари<ref name="ReferenceB"/>.
 
== Историја ==
Во Катланово постои преданието дека на местото на денешното село во римско време постоело гратче со име Катраново, кое во некои случување било сосема уништено<ref name="ReferenceA"/>. Од ова некогашно населено место селаните често ископувале тули и стари пари. Подоцна на местото на уништеното гратче Катраново се основало село Катланово, со многу куќи и населено само со [[Македонци]] - христијани, каде што секоја година стасувале по 40 девојки за мажење<ref name="ReferenceA"/>.

За време на отоманското ропство ова село повторно се запустело најповеќе заради чума, па голем дел од населението се иселило во [[Скопје]] и други места, а дел од населението изумрело<ref name="ReferenceA"/>. По ова страдање селото Катланово започнало повторно да се обновува и зголемува благодарение на доселувања и делумно на размножување, па така до 1900 година селото имало околу 20 куќи: 10 куќи [[Македонци]] и 10 куќи „маџири“ (Турци и ЦиганиРоми) бегалци од [[Србија]] и [[Бугарија]] кои се населиле во 1878 година<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168-169</ref>. Во XIX век Катланово било чифчиско село на кое имале чифлици повеќе муслимани од [[Скопје]], кои во 1912 година земјата ја распродале на селаните [[Македонци]] од околните ридско-планински села<ref name="ReferenceC">Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.169</ref>.
 
Во {{Римски|19}} век, селото е дел од нахијата Блатија во [[Скопска каза|Скопската каза]] во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
Во {{Римски|19}} век, селото е дел од нахијата Блатија во [[Скопска каза|Скопската каза]] во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
===Потекло и значење на името===
За потеклото на името на селото, селаните сметаат дека потекнува од името на некогашното место Катраново, додека П. Скок претпоставува дека селото го добило името од зборот ''каплан'', што на турски значи тигар, а кое веројатно било прекар на некој турчин кој во Каталново имал чифлик<ref name="ReferenceC"/>. Имајќи предвид дека Катланово е важен сообраќаен центар, а поради бањските извори имало големо присуство на луѓе уште во римско време, како и непосредната близина на античките градови [[Таор|Тауресиум]] и [[Бадар|Бадеријана]], и остатоците од тврдина во месноста Кале или Пржал источно од селото, можно е во римско време името на ова место да било „кастела ново(а)“ ({{lang-la|castela novo/a}}), со значење на нова тврдина или ново место, па со текот на времето името да дошло во денешната форма Катланово. Не треба да се превиди и веројатноста дека името на селото е поврзано со зборот ''кладенец'' во кој се содржи коренот ''лее (''други примери се зборовите ''с'''ла'''вина'' и '''''ли'''вада),'' кој се однесува на термалните изводи по кои е позната оваа месност.
 
== Стопанство ==
Селото Катланово има доста поволна економска положба. Главно занимање на населението е земјоделието со кое претежно се занимаваат [[Македонци]]те. Од земјоделието најзастапено е полјоделството односно одгледувањето на жита, најмногу пченица, а исто и пченка (покрај [[Пчиња]]) и јачмен, зеленчук: домати, пиперки, краставици, марули, кромид и лук. Од сточарството најзастапени се одгледувањето на крави и кози поради поволното земјиште, ливади во рамничарскиот предел и грмушки во ридскиот. Муслиманското население, кое во најголема мера се Роми, кои се изјаснуваат како Албанци, живее во многу запуштени, нечисти и запоставени куќи и објекти. Дел од населението се занимава и со ископување песок, работа во Катлановската Бања, градежништво, превоз со камиони. Во селото има неколку продавници.
 
== Население и демографија ==
Ред 204 ⟶ 211:
== Надворешни врски ==
{{рв|Katlanovo}}
* [httphttps://www.katlanovskaspa.com/mkpublic/mk Катлановска бања]
 
{{Општина Петровец}}