Хип-хоп музика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Хип хоп → Хип-хоп, хип хоп → хип-хоп (7)
Ред 10:
 
== B-boy, односно хип-хоп танц (играње) ==
Хип-хоп играњето најпрвин се играше со хип -хоп музика, или се развило како дел од хип-хоп културата. Хип-хоп музиката, а исто така и играта може да се подели на стара школа (old school) и нова школа (new school).Врстите на хип-хоп играњето се појавиле како независни, и многу луѓе денес го играат без обзир што имаат малку или никакви врски со оригиналната култура. Оригиналните играчки врсти во хип-хоп културата створиле субжанрови, еден од нив е Breakdance.
 
'''Хип-хопот''' е вид на музика и поткултура која настанала во средината на 70-тите години на дваесеттиот век во црнечките квартови на Бронкс. Терминот хип-хоп се однесува на хип-хоп музиката и хип-хоп културата кои претежно се развиваат во африканско-американските урбани заедници. Од кога првпат се појавил во Њујорк во 1970-тите, хип-хопот се развивал и ја вклучувал не само рап музиката, туку цел животен стил кој константно се соединувал со различни елементи на технологија, уметност и урбан живот. Хип-хопот се состои од два основни елемента: рапување и диџејување. Заедно со хип-хоп танцот и графитите ги сочинуваат четирите елементи на хип-хоп културното движење чија историја ја започнале млади, воглавно луѓе со африканско потекло кои живееле во Америка.
Ред 19:
Диско музиката и фанкот биле исклучително важни за рапот. Кога клубовите станале основа за диско музиката, улицата станала основа за рапот. Раниот хип-хоп често се кредитира за заслужен за намалување на насилството во црнечките гета заменувајќи го физичкото насилство со т.н. хип-хоп борби во брејкденс, рапување и цртање графити. До 1985 година децата ширум светот на уличниот агол, поставувајќи го стереото пуштале песни од Run DMC, LL Cool J, the Fat Boys, Herbie Hancock, Soul Sonic Force, Jazzy Jay, Egyptian Lover, Dr. Jeckyll and Mr. Hyde, Stetsasonic.
 
Главна историска доба на хип-хопот е old school hip hop era (1970 до 1985) итн. Златната доба на хип-хопот (1985 до 1993) во која се појавиле звуковите на раперите од источниот и западниот брег и големото издигнување на поедини правци во рап музиката како Gangsta rap и G Funk. После златната доба на хип -хопот следи период кој се нарекува new school.
Во текот на Златната доба на хип -хопот често доаѓало до соочување меѓу рапери од источниот и западниот брег. Најголемиот конфликт бил помеѓу 2Pac и The Notorious B.I.G., што и довел до смрт на двајцата во 1996 и 1997 година.
 
Во 1991 година групата N.W.A. (Niggas With Attitude) го издала албумот Niggaz4Life. Тоа е првата хардкор рап плоќа која стигнала до врвот на топ листата иако некои продавници одбивале да ја продаваат. Еден од членовите на N.W.A., Dr. Dre го издал албумот The Chronic со што започнала појавата на gangsta rap. Уште еден значаен момент во хип -хоп музиката се случува во 2000 година кога Eminem со голема поддршка од Dr. Dre го издава албумот The Marshall Mathers LP кој е распродаден во девет милиони примероци. Од 2000 година па сè до денес од година во година значително се зголемува бројот на хип -хоп албуми и денес овој жанр е еден од најслушаните правци на музика во светот.
'''Правци'''
Gangsta rap
Еден од најконтроверзните правци на хип -хоп музиката е секако gangsta rap. Во глобала во него се зборува за улични банди, секс, дрога и насилство во Лос Анџелес и Њујорк и поради ваквите теми, gangst rap привлекувал големо внимание на слушателите. Gangsta rap првпат јавно се претставува на публиката во 1986 година, а две години подоцна со излегувањето на албумот Straight Outta Compton од N.W.A се афирмирал на глобално ниво. Тој бил гласот на угнетуваната црна раса, со тоа што генгста раперите воглавно се наоѓале во лошо окружување: биле членови на банди, дилале дрога итн. Генгста рапот го опишува животот на улицата со сите свои негативни особини: проституција, пресметна на банди, дилање дрога, убиства, насилство. Меѓутоа и покрај обидот да се цензурираат овие текстови, gangsta rap бил се повеќе популарен. Представници на овој жанр се: Ice-T, N.W.A., Ice Cube, 2Pac, Snoop Dogg, Da Lench Mob, Scarface, Abowe The Law, Schooly D.
 
Bass rap
Ред 40:
Jazz rap е нешто помалку познат но поквалитетен алтернативен правец на рап музиката. Овде голем акцент се става на самите samples и продукцијата што е и оправдано, бидејќи кај оваа врста на рап потребно е и да се знае да се свират инструменти. Представници на овој жанр се Tribe Called Quest, Jungle Brothers, the Roots, De La Soul, Digable Planets.
 
Поделба на рапот се врши и врз основа на темата на рапување. Социјално-политичкиот рап првпат се појавува во почетокот на 1980-тите години. Се одликува со социјално-политичка порака и борба против расизмот, унгнетувањето од страна на белците и насилството. Battle rap е најзастапениот рап жанр, од проста причина што се појавува кај сите претходно наведени жанрови. Тој се поврзува со самиот почеток на хип -хопот. Првите рапери рапувале за тоа колку се успешни и колку им се добри римите. Познатите натпреварувања т.н MC Battles, биле места за борба помеѓу најдобрите од нив и од почетокот на рап историјата до 1988 година ова бил број 1 жанр во рапот. Највеќе се истакнувале: Kurtis Blow, Rakim, Run DMC, Bid Daddy Kane и LL Cool J. Самиот жанр продолжил успешно да живее сè до денес, со тоа што денес повеќе не се рапува за имиџот, римите, туку за пари, злато, скапи автомобили.
 
== Поврзано ==
* Хип -хоп музика
 
{{Нормативна контрола}}