Месопотамска митологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+шаблон
+
Ред 3:
 
[[Сумер]]ците практикувале [[политеизам]] со антропоморфни [[божество|божества]] или [[божица|божици]] кои ги претставувале силите или присуството во светот, многу налик на подоцнежната [[грчка митологија]]. Според оваа митологија, божествата најпрво ги создале луѓето како нивни слуги но ги ослободиле откако повеќе не можеле да манипулираат со нив.
 
Повеќето приказни од [[сумерска митологија|сумерската митологија]] се појавуваат и во другите религии од [[Блиски Исток|Блискиот Исток]]. На пример, [[Библија|библиското]] објаснување за создавањето на човекот како и [[потоп]]от се многу слични на сумерските приказни кои се напишани многу векови порано.
 
==Божества==
Секој храм бил посветен на посебно божество (машко или женско).
* [[Ану]], бог на небото, со храм во [[Урук]].
* [[Енлил]], бог на воздухот, со храм во [[Нипур]]. Обично бил претставуван како човек, но и како змија.
* [[Енки]], бог на водата и плодната почва со храм во [[Ериду]]. Исто така го сметале за бог на [[магија]]та, [[мудрост]]а и [[интелигенција]]та.
* [[Ки]], или Нинхурсаг, мајка-божица на земјата, со храм во [[Ериду]] и [[Киш (Сумер)|Киш]].
* [[Ашур]], главно божество во [[Асирија]] (небесен бог), со храм во [[Асур]].
* [[Нинлил]], или Нилина: божица на воздухот (и јужниот ветер) и жена на [[Енлил]], со храм во [[Нипур]].
* [[Инана]], божица на љубовта и војната, со храм во [[Урук]].
* [[Мардук]], син на [[Еа]] и бог на светлината, бил главно божество во [[Вавилон]], го назначувал кралот на Вавилон, со храм во [[Вавилон]].
* [[Нана]] - Суен или Син бог на месечината, со храм во [[Ур]] и [[Харан]].
* [[Уту]], Туту или Шамаш, бог на сонцето, со храм во [[Сипаранд]] во [[Вавилон]]. Исто така бог на правдата.
* [[Шерида]], мајка-божица и сопруга на богот на сонцето [[Уту]]. Подоцна, позната како акадска божица [[Аја]], сопруга на [[Шамаш]].
* [[Нинурта]] (наречена и Нингирсу), со храм во [[Лагаш]].