Разлика помеѓу преработките на „Грам-позитивни бактерии“

с
с
 
Грам-позитивниот клеточен ѕид се карактеризира со присуството на многу дебел [[пептидогликан]]ски слој кој е одговорен за задржувањето на кристал-виолетовите бои за време на процедурата на боење по Грам. Застапен е исклучиво кај организмите кои припаѓаат во групата на [[Actinobacteria]] (или високопроцентни [[Гванин|G]]+[[Цитозин|C]] Грам-позитивни организми) и кај [[Firmicutes]] (или нископроцентни G+C Грам-позитивни организми). Бактериите во групата на [[Deinococcus–Thermus|Deinococcus-Thermus]] исто така можат да се изложат на Грам позитивно боење, но тие содржат и некои структури на клеточниот ѕид кои се типични за Грам-негативните организми. Во Грам-позитивниот клеточен ѕид се вметнати [[полиалкохол]]и наречени [[Теихоинска киселина|теихоински киселини]], од кои некои се поврзани со [[липид]]ите и градат [[Липотеихоинска киселина|липотеихоински киселини]]. Бидејќи липотеихоинските киселини се [[Ковалентна врска|ковалентно поврзани]] со липидите во рамките на [[Клеточна мембрана|цитомембраната]], тие се одговорни за поврзувањето на пептидогликанот за цитомембраната. Теихоинските киселини му даваат на Грам-позитивниот клеточен ѕид целокупно [[Електричен полнеж|негативен полнеж]] поради присуството на [[Фосфодиестерска врска|фосфодиестерски врски]] помеѓу [[мономер]]ите од теихоинската киселина.
 
== Класификација ==
[[File:Gram Positive Classification.svg|thumb|none|Идентификација на видовите во клинички услови|660px]]
 
== Надворешни врски ==