Алексиј IV Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Византиски император → Византиски цар, император → цар, Император → Цар
с →‎Преземање на царската власт: внатрешно поврзување
Ред 27:
 
== Преземање на царската власт ==
За време на [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]], по првото свртување (крстоносното освојување на [[Задар]]) дошло и второто свртување, предизвикано со доаѓањето на принцот Алексиј Ангел, синот на царот [[Исак II Ангел|Исак II]]. Младиот Алексиј успеал да побегне од занданата во која бил затворен со својот ослепен татко. Барајќи помош тој тргнал на Запад и по состанокот со [[Папа Инокентиј III|Инокентиј III]] којшто не вродил плод стигнал на дворот на својот зет - [[Филип Швапски]]. Филип со задоволство ги поддржал претензиите на својот шура за цариградскиот престол. Спречен од внатрешните тешкотии самиот да стапи во акција тој им се обратил на [[Венецијанска република|Венецијанците]] и на крстоносците повикувајќи ги да го вратат на престолот Исак II и неговиот син. Овој повик на венецијанскиот дужд му дошол како порачан, а и водачот на крстоносците, [[Бонифациј Монфератски]], кој имал силни семејни врски на Исток, со задоволство ја прифатил приликата да се вмеша во византиските работи. Додека крстоносците зимувале во освоениот Задар, им стигнале пратеници од [[Кралство Германија|германскиот]] крал и неговиот штитеник, па дошло до спогодба која двете страни ја посакувале. Дарежлив како и секој претендент Алексиј IV им ветил на крстоносците и на Венецијанците огромни суми пари, дал до знаење, за да го одоброволи папата, изгледно склучување црковна унија и се обврзал дека по враќањето на византискиот престол со сите средства ќе ја потпомага крстоносната војна. Речиси сите крстоносци тргнале со [[Енрико Дандоло|Дандоло]] и [[Бонифациј Монфератски]]. Искушението било големо, совеста можела да биде мирна бидејќи крстоносната војна, по походот на [[Цариград]], ќе продолжела и тоа со зголемени средства кои ги ветил византискиот претендент. Алексиј IV им се придружил на крстоносците уште во Задар. Во [[мај]] [[1202]]г. на [[Крф]] меѓу него и крстоносците, бил потпишан договор, такашто веќе на [[24 јуни]] флотата на крстоносците стигнала пред византиската престолнина, пред „царицата на сите градови“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 499-500.</ref>
 
Откако крстоносците ја зазеле [[Галата]] и го пробиле синџирот што го затворал влезот во [[Златен Рог]], бродовите на крстоносците продреле во цариградското пристаниште и тогаш од копно и од море започнал јуриш на градските бедеми. Иако византиската посада пружила силен отпор, на [[17 јули]] [[1203]]г. Цариград паднал во рацете на крстоносците. Кутриот цар [[Алексиј III Ангел|Алексиј III]] побегнал однесувајќи го со себе државното богатство. Слепиот Исак II повторно бил кренат на престолот, а како совладетел царска круна добил и неговиот син Алексиј IV, штитеникот на крстоносците.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 500.</ref>