Озонска обвивка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Антартик → Антарктик (5)
с Правописна исправка, replaced: земјин → Земјин (3)
Ред 1:
'''Озонска обвивка''' — дел од [[атмосфера]]та на височина од 19 до 48 км од земјинатаЗемјината површина, иако дебелината на слојот варира со годишните времиња и географски.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.ozonelayer.noaa.gov/science/basics.htm|title=Science: Ozone Basics|accessdate=2007-01-29|language=en}}</ref> Според тоа каде се наоѓа [[озон]]от, тој може да го заштити или да му наштети на живиот свет. Најголем дел од озонот (над 91%) се наоѓа во озонската обвивка во [[стратосфера]]та (обвивка на атмосферата меѓу 10 и 40 км над Земјата), каде делува како штит кој ја заштитува земјинатаЗемјината површина од штетното ултравиолетово зрачење<ref name="NASA">{{Наведена мрежна страница|url=http://www.nas.nasa.gov/About/Education/Ozone/ozonelayer.html|title=Ozone layer|accessdate=2007-09-23|language=en}}</ref>. Со слабеењето на оваа обвивка, луѓето и живиот свет би биле поизложени на УВ зрачења кои предизвикуваат [[рак на кожа]]та, [[катаракт]]и и [[имуни заболувања]]. Поблизу до Земјата во [[тропосфера]]та (обвивка на атмосферата од површината до 10&nbsp;км височина), озонот е штетен загадувач што предизвикува оштетувања на белодробното ткиво и на [[растенија]]та.
 
Количините на „добар“ - стратосферски и „лош“ - тропосферски озон зависат од балансот помеѓу процесите кои го создаваат и оние кои го уништуваат. Нерамнотежата на балансот може да има сериозни последици за животот на [[Земја]]та, бидејќи научниците добиваат докази дека се случуваат промени во нивоата на озонот, нивото на штетниот тропосферскиот озон се зголемува во [[воздух]]от кој го дишиме, а корисниот стратосферски озон се намалува во нашата заштитна озонска обвивка.
Ред 8:
Во стратосферата, озонот се создава главно од [[ултравиолетовото зрачење]]. Кога високо енергетските УВ зраци ги погодуваат обичните [[кислород]]ни атоми (О<sub>2</sub>), тогаш тие го делат молекулот во два посебни кислородни атоми. Слободниот кислороден атом тогаш се соединува со друг кислороден молекул и се образува молекула на озон (О<sub>3</sub>). Озонот е мошне важен, бидејќи апсорбира спектар на ултравиолетови зраци. Кога молекул на озон апсорбира дури и ултравиолетово зрачење со ниска енергија, тој се дели во обичен молекул на кислород и слободен кислороден атом. Обично слободниот кислороден атом бргу пак се соединува со молекул на обичен кислород, образувајќи друг молекул на озон. Заради овој озонско-кислороден циклус, штетните ултравиолетови зраци постојано се претвораат во [[топлина]].
 
Природните реакции освен озонско-кислородниот циклус опишан погоре исто така влијаат врз концентрацијата на озон во стратосферата т.е. во озонската обвивка. Бидејќи озонот и атомите на слободен кислород се многу нестабилни, тие лесно реагираат со соединенија на [[азот]], [[водород]] и [[хлор]] кои се природно наоѓаат во земјинатаЗемјината [[атмосфера]] (ослободени и од копнени и од океански [[извори]]). На пример, еден единствен [[атом]] на хлор може да претвори озон во кислороден [[молекул]] и оваа загуба на озон влијае врз создавањето на озон од високо енергетските УВ зраци кои ги погодуваат молекулите на кислород.
 
== Уништување на озонската обвивка ==