Разлика помеѓу преработките на „Флавиј Аријан“

Одземени 18 бајти ,  пред 6 месеци
с
Исправка на име, replaced: Ксенофон → Ксенофонт (2)
(изменета категоризација)
с (Исправка на име, replaced: Ксенофон → Ксенофонт (2))
Тој направил блескава кариера во времето на владеењето на царот [[Хадријан]]. Најпрво бил избран за конзул, а потоа за гувернер на провинцијата [[Кападокија]] (периодот помеѓу 131–137 година).<ref name=":0" /> По смртта на [[Хадријан]] се повлекол во [[Атина]] и започнал да се занимава со книжевна работа. Најзначајно негово дело е [[Александрова анабаза|„''Александровата анабаза“'']] ''(„Историја на војните на Александар“),'' во седум книги.<ref name=":1" />
 
Пишувал под влијание на [[Ксенофонт|Ксенофон]] и врз основа на постарите извори (Птолемај, [[Аристобул]] и други). Од зачуваните истории за [[Александар III Македонски|Александар Македонски]], овој негов труд се смета за најрелевантен. Во него е зачувана официјалната традиција за [[Александар III Македонски|Александар]], лишена од фантастичните приказни и анегдоти, како и од морализаторските расудувања што се среќаваат кај другите сочувани извори. Значајно е, исто така и неговото дело ''„Индиска историја“'' (Индике) во кое ја опишува пловидбата на [[Неарх]] од устието на [[Инд]] до [[Персиски Залив|Персискиот Залив]]. Тој е важен извор и за периодот непосредно по смртта на [[Александар III Македонски|Александар]] и за поделбата на власта меѓу дијадосите. Тие настани ги опишал во делото ''„Настаните по Александар“'', кое има десет книги. Овој негов труд бил преработен во третиот век од атинскиот историчар [[Дексипус|Дексип]], а негови изводи се зачувани кај цариградскиот патријарх [[Фотиј I Цариградски|Фотиј I]] ([[9 век]]).<ref name=":1" />
 
== Наводи ==
 
* [http://www.livius.org/ Livius], [http://www.livius.org/arl-arz/arrian/arrian.html Arrian of Nicomedia] by Jona Lendering
 
* [[iarchive:arrianoncoursing00arri|''Arrian On Coursing: the Cynegeticus'' William Dansey 1831]]
* [https://books.google.com.ph/books?id=eJhAAAAAcAAJ&dq=inauthor%3A%22Flavius%20Arrianus%22&pg=PP1#v=onepage&q&f=false Arrianus's voyage round the Euxine Sea: translated and accompanied with a geographical dissertation and maps]