Гоце Николовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
 
== Животопис ==
Гоце Николовски е роден во [[1947]] година во [[Скопје]], [[НР Македонија]]. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее. Победник е во тогаш популарната емисија „Максиметар“ и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата „Рубинси“, но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка [[поп-рок]] група „Далтони“. Славата на оваа група се шири по [[Југославија]], а нивната песна „''Рука од сна''“, и денес често може да се чуе на нишките радио станици. Својата популарност како [[музичар]] и [[пејач]] во Македонија ја достигнува во [[1990]] година кога на [[Фолк фест Валандово]] за прва пат ја изведува легендарната македонска песна „''[[Бисер Балканскибалкански]]''“. Песната ја добила првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од [[СФРЈ|Југославија]]. Песната наскоро станала многу позната, голем хит и широко прифатена од македонската публика и од [[Македонци|македонскиот народ]] воопшто. Бидејќи песната се испеа на самиот распад на Југославија, [[Македонци]]те си ја прифатија како симбол на својата долгочекана независност и сувереност и симбол на македонштината, а во [[Македонска дијаспора|дијаспората]] честопати била изведувана како македонска химна. Гоце Николовски често бил нарекуван и како ''бисер балкански'', по името на својата песна.
Низ текот на годините, Гоце Николовски издал и неколку други песни како „''Серенада''', „''Приказна за Ангелина''“, „''Запејте сите ангели''“, „''Бисера''“, „''Песна од земја далечна''“, но никоја од нив не ја достигнала популарноста на песната „''Бисер Балкански''“. Во 1992 година, Николовски учествувал на фестивал во [[Канбера]], фестивал сличен на [[Фолк фест Валандово]] со песната „''Од мајка нема помила''“. Во Австралија и [[Канада]], Николовски уживал многу поголема популарност отколку во татковината, факт кој го докажуваат големиот број продадени дискови, кои се популарни и продавани и неколку години по неговата смрт. Поради неговиот придонес за македонската заедница во Австралија, Николовски бил прогласен за почесен граѓанин на [[Аделаида]], а градоначалникот на овој град му доделил на Гоце почесен „клуч на градот“. Повеќе тв и радио станици од [[Македонија]] и дијаспората на македонскиот музички бисер посмртно му доделија награди за животно дело.
Неговиот голем хит „Бисер балкански“ во 2000 е прогласен за песна на векот во Македонија. Поради своите музички квалитети и придонес за македонската народна музика, Гоце Николовски спаѓа во редот на најголемите музички имиња во македонската историја, а неговите песни остануваат да не потсетат на нашето тешко минато и тешкотиите кои не смеат да бидат заборавени.