Македонски јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
'''Македонскиот јазик''' спаѓа во источната група на [[јужнословенски јазици]], и е службен јазик во [[Република Македонија]]. Македонскиот јазик е исто така службен во реонот на [[Корча]] во [[Албанија]] каде што живее бројно [[Македонци|македонско]] население. Македонски се зборува и во [[Австралија]], [[Албанија]], [[Бугарија]], [[Грција]], [[Канада]], [[САД]], [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Турција]] и во некои земји−членки на [[Европска Унија|Европската Унија]]. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
 
Според респектираниот лингвистички извор [http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=BG Etnologue], македонски се зборува и во југоисточниотјугозападниот дел на [[Бугарија]], но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и [http://www.bbc.co.uk/languages/european_languages/languages/macedonian.shtml BBC], [http://www.britannica.com/eb/article-9049700?query=macedonian%20language&ct= Britannica] и [http://www.helsinki.fi/~tasalmin/europe_index.html#Bulgaria UNESCO].
 
Кога се зборува за [[Македонци|Македонците]] како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на [[словенски јазици|словенските јазици]], а потеклото на [[Македонци|Македонците]] како народ не е целосно словенско (в. [[Македонци#Антрополошки карактеристики|Антрополошки карактеристики]]).