Социјална психологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 41:
 
И социолозите и психолозите придонесуваат за збогатување на сознанијата во социјалната психологија. Социјалните психолози кои повеќе се приклонети кон социолошката традиција се потпираат првенствено на истражувања со примероци и опсервациски техники за прибирање на податоци. Овие истражувачи се најзаинтересирани за односите помеѓу поединците и групите на коишто тие им припаѓаат. Тие ги нагласуваат процесите како што се социјализацијата, конформизмот и девијантното однесување, социјалната интеракција, себеприкажувањето, водството, регрутирањето на членство како и соработката и конкуренцијата. Социјалните психолози кои повеќе се приклонети кон психологијата во голема мера се потпираат на лабораториската експериментална методологија. Нивниот примарен интерес е како однесувањето на поединецот и неговите внатрешни случувања/доживувања се афектирани од страна на социјалните стимули (најчесто од другите луѓе). Тие вообичаено зборуваат за теми како што се [[сепство]]то, восприемањето на другите лица и придавањето, ставовите и нивното менување, разликите во однесувањето помеѓу поединците, социјалното учење и моделирањето, алтруизмот и агресијата и интерперсоналното привлекување. Така, социолошки ориентираните и психолошки ориентираните социјални психолози се разликуваат во нивните погледи и интереси за појавите. Како што може и да се очекува, тоа води до формулирање различни теории и спроведување различни истражувачки програми. Сепак, овие разлики многу почесто се надополнуваат отколку што се спротивставуваат меѓу себе. Затоа и социјалната психологија како научно поле е побогата токму заради различните придонеси на двата пристапи.
 
== Наводи ==
{{reflist|30em}}
 
== Литература ==