Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎''„На оружје или готово е со нас!“'' (26 јули 1790): Јазична исправка, replaced: листа на → список на
с Правописна исправка, replaced: отвара → отвора (2)
Ред 61:
 
== Други пред-револуционерни трудови ==
Во 1782 година, Мара го објавува својот „омилен труд“, „План за кривичниот законик“. Во овој труд Мара запишал дека „кражбата е поврзана со правото на сопственоста“ чија суштина се насилството и узурпацијата на она што секој човек треба подеднакво да го користи за сопствен опстанок. Сметал дека на секој му припаѓа само она што му е неопходно за животот: „Никаков вишок не може законито да ни припаѓа толку долго додека постојат луѓе кои немаат најнеопходни нешта за живот“. Се залагал за отварањеотворање  јавни работилници во кои треба да се вработуваат невработени лица, како би можеле со свој труд да си го обезбедат опстанокот, а не да им се дава социјална помош.
 
Пред почетокот на револуцијата, тешко болен, со лекарска дијагноза за брза смрт, Мара го напишал делото „Подарок на татковината или говори за третиот сталеж на Франција“. Во делото ја изразил надежта за успехот на револуцијата и советува како да се продолжи борбата за слобода. Здравјето му се подобрува, продолжува да се бори и прави планови како на народните маси да им влее надеж и сила да продолжат со борбата за промените во општеството. Во „Повикот до народот“ од 1789 година барал револуцијата да започне и да не заврши сè додека царува неправдата и додека дел од народот живее во беда и синџири.
Ред 335:
Знаел за себе да каже отворено и пред најшироката јавност: „Јас сум стражар на слободата, јас сум око на народот“. Бил јакобински, кордиљерски и монтењарски водач,  пратеник во Конвентот и непосреден учесник во клучните настани на Револуција. Како поддржувач на „револуционерната влада“, барал остра пресметка со жирондинците и сите други кои не го прифаќале Конвентот како „орган на револуционерната диктатура“. Од него потекнал предлогот да се формира Комитетот за јавен спас и да не се прават никакви отстапки на контрареволуцијата. Се смета за најголем противник на жирондинците и на оние што подзастанувале во пресметката со непријателите, што не оделе напред.
 
Се залагал за социјалната содржина на револуцијата, барајќи новата државна власт да покаже пријателски однос кон сиромашните. Пишувал за оние кои ништо немаат, а ги критикувал оние што имаат сè. Се залагал за отварањеотворање јавни работилници во кои треба да се вработуваат невработените лица, како би можеле со свој труд да си го обезбедат опстанокот, без да чекаат социјална помош од другите.
 
Мнозина го сметале за идеолошки водач на санкилотите и за главен организатор на јакобинскиот терор. Бил под влијание на Мелије, Монтескије, Русо и Мабли, а најмногу соработувал со Робеспјер и Сен-Жист. Подолго време соработувал и со Дантон и Демулен, пред да подзастанат во нивната борба против жирондинците. Во историјата на политичката мисла оставил траги на исклучителен револуционер, политички публицист и посветен пријател на народот.