Обелиск: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎20 век.: Јазична исправка, replaced: сајт → мрежно место, ски мрежно → ско мрежно
Нема опис на уредувањето
Ред 93:
==Експерименти со издигнување обелиск==
 
Во крајот на летото 1999 г. Роџер Хопкинс и Марк Ленер се здружиле во тимот НОВА (тв серии) за да издигнат обелиск со тежина од 25тони. ОбојОвој бил трет обид да се издигне обелиск со оваа тежина, претходните два, во 1994 г. и 1999 г. завршиле неуспешно. Исто така постоеле два обида да се подигне обелиск тежок два тона и еден од девет тона. Конечно во периодот август-септември 1999 г. учејќи од своите искуства успеале успешно да подигнат еден обелиск. Најпрво Хопкинс и Раис Абдел Алеем направиле експеримент влечејќи камен блок кој тежел 25 кг. На почетокот имало повеќе од 100тина луѓе кои се обиделе да влечат но не можеле да го поместат. На крајот, со повеќе од 130 луѓе влечејќи одеднаш и уште дванаесетмина други користејќи дигалки да ги поттикнат санките да се придвижи напред, го поместиле. Во текот на денот, работниците влечеле и од 10 до 20 стапки (6 м.). Покрај проблемите со скинати јажиња тие докажале дека споменикот може да се премести на овој начин. Други експерименти биле направени во Египет и други локации во обидот да се влече мегалитски камен со стари техно-
логии, некои наведени овде.
Еден експеримент бил пренесување на мал обелиск на лаѓа во реката Нил. Лаѓата била направена врз основа на стари египетски модели. Требало да биде многу широка за да го издржи обелискот, со размер 2:1 должина и ширина, и најмалку двапати подолг од обелискот. Обелискот бил долг 10 стапки (3м.) а тежел не повеќе од 5 тона. Лаѓа доволно голема да го издржи пренесувањето на најголемиот египетски обелиск од овој размер би морала да биде околу 200 стапки (61 м.) долга и 100 стапки (30.5м) широка. Работниците користеле јажиња кои биле врзани околу водич кои им давал насоки да влечат, надвор од реката, додека тие го влечеле обелискот врз лаѓата. Лаѓата успешно била пуштена во реката Нил.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Обелиск