Ејми Вајнхаус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Врски: Јазична исправка, replaced: фанови → обожаватели
с Јазична исправка, replaced: листата на → списокот на (2), ната список → ниот список
Ред 33:
 
=== Меѓународен успех ===
За разлика од нејзиниот поранешниот албум кој беше под влијание на џез музиката, фокусот на Вајнхаус се префрла на женските групи од 1950-тите и 1960-тите. Вајнхаус ја најмува пејачката Шарон Џонс од долгогодишниот њујоршки бенд Dap- Kings како пратечки вокал за време на снимањето и на турнејата. Во мај 2006 година, демонстрацијата на песни на Вајнхаус како што се "You Know I'm No Good" и "Rehab" се појавија на радио шоуто на Марк Ронсон во [[Њујорк]], шоу на радиото од Ист Вилиџ. Ова биле некои од првите нови песни изведувани на радио по објавувањето на "Pumps" и двете биле избрани да се најдат на нејзиниот втор албум. Албумот со 11 песни е целосно продуциран од Салам Реми и Ронсон. Ронсон во интервју од 2010 вели дека имал добра соработка со Вајнхаус, затоа што таа била груба кога не и се допаѓала неговата работа. Наскоро потоа започнала промоцијата на Back to Black, а во почетокот на октомври 2006 година, официјалното мрежно место Вајнхаус е повторно активирана со нов изглед и снимки од претходно необјавени песни. Албумот бил издаден во Велика Британија на 30 октомври 2006 година. Тој отиде до број еден на листатасписокот на најпродавани албуми во Велика британија безброј пати, а застанува на бројот седум на Билборд 200 во САД. Тоа бил најпродаваниот албум во Велика Британија во 2007 година, со вкупна продажба од 1.850.000 примероци во текот на годината.
Албумот ѝ донесува голем број на хитови. Првиот сингл од албумот бил "Rehab" на продуцентот Ронсон. Синглот ги достигнува првите десет во Америка и Британија. Магазинот Time го прогласува синглот ‘Rehab’ за еден од најдобрите десет во 2007 година. Текстописецот Џош Турејџел ја пофалил Ејми, за нејзината доверба и изјави дека „ Таа е гласна, смешна, загушлива и најверојатно луда“, и дека „ Невозможно е да не бидете заведени од нејзината оригиналност. На тоа додадете ја соработката со Марк Ронсон, четири декади извонредна соул музика и ќе ја добиете најдобрата песна за 2007“.
Вториот сингл на од албумот и водечки сингл во САД," You know that I’m no good ", бил пуштен во продажба во јануари 2007 година со ремиксот на раперот Гоустфејс Килан. Тој го достигнува 18 место на листата за најпродавани синглови во Велика Британија. Насловниот сингл, "Back to Black", бил пуштен во Велика Британија во април 2007 година и го достигнал 25 место, но бил поуспешен во континентална Европа. Песните "Tears dry on their own", " Love is a losing game и " Just friends" исто така биле пуштени како синглови, но не успеале да го достигнат истото ниво на успех.
Ред 62:
Во мај 2009 година Вајнхаус се враќа со настапот на џез фестивалот во Св Луција во услови на поројни дождови и технички тешкотии. За време на нејзиниот настап со траење од еден час, било објавено дека била нестабилна и имала проблеми со помнењето на стиховите. Таа им се извинила на публиката затоа што и било "здодевно", а го завршила својот настап со заминување од сцената во средина на една песна. Пред преполна сала на 23 август на V Festival, Вајнхаус ги исполнува заедно со The Specials нивните песни "You're Wondering Now" и "Ghost Town".
 
Во јули 2010 година настапува со песната "Valerie" заедно со Марк Ронсон на филмска премиера. Таа додека ја исполнувала заборавила дел од стиховите на песната. Во октомври Вајнхаус настапува на промоција на нејзина модна линија. Потоа било предвидено да настапува на четири настани во Бразил во текот на јануари 2011 година. Во декември 2010 Вајнхаус изведува 40 минутен концерт на приватна забава нарускиот олигарх во Москва. Како дел од листатасписокот на гости биле вклучени и други руски тајкуни и ѕвезди од рускиот шоу бизнис. Магнатот своеволно ги избрал песните кои требала да ги исполни ѕвездата. Закажан е нејзин настап во Дубаи во февруари 2011 година заедно со други уметници.
 
=== Ноќни клубови ===
Ред 108:
Постојаните проблеми со конзумирање на дрога до 2008 година, и претставувале закана за нејзината кариера. Ник Гатфилд, претседателот на Island Records, си поиграл со идејата за прекинување на договорот со Вајнхаус, за што рекол дека треба да ја остават "да се справи со нејзините проблеми", по што за нејзиниот талент изјавил: "Тоа е одраз на нејзиниот статус [во САД,] кога ќе пребаруваш низ телевизиската покриеност [на Греми] сите го користат нејзиниот имиџ. " По Греми наградите, некои се запрашаа дали Вајнхаус би требало да биде почестена со награда со оглед на нејзините недамнешни лични и проблеми поврзани со дрогата, вклучително и Натали Кол, кој ја воведе Вајнхаус во церемонијата. Кол (кој се борела со сопствените проблеми со злоупотреба на супстанции, кога ја освоила наградата Греми за најдобар нов изведувач во 1975 година) забележува: "Мислам дека девојката е талентирана, музички дарувана, но не треба сама да прави “торта“ и сама да ја “јаде“. Треба да се прибере. "
Антонио Марија Коста, извршен директор на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во свое мислење за весник изјавил дека наводните навики за конзумирање на дрога на Вајнхаус и други познати личности испраќа лоша порака " на луѓе кои се доволно ранливи и можат да потклекнат на зависноста“, и ги поткопуваат напорите на други познати личности кои се обидуваат да ја подигнат свеста за проблемите во Африка, во време кога е зголемена употребата на кокаин во Европа, што поминува низ Африка. Портпаролот на Вајнхаус го нарекол Коста "смешен човек" и истакнал дека "Ејми никогаш не дала понуда за дрога и никогаш не зборувала гордо за тоа. Таа имала некои проблеми и се обидувала да се подобри. ОН сами треба да го доведат во ред својот дом." Греам Пирсон, поранешниот шеф за спроведување на лекови на Шкотската агенција, ги критикувала Вајнхаус и Кејт Мос за посетување на рехабилитација како симбол на чест, давајќи им на останатите лажен впечаток дека одвикнувањето од дрога е лесно, бидејќи не многумина можат да си дозволат посетување на клиниките за одвикнување од зависнст.
Вајнхаус била на првите места според анкетите за популарност. Во 2008 година наградите NME ја номинирале Вајнхаус во категориите "негативец на годината", "најдобар соло изведувач" и "најдобро музичко ДВД"; Вајнхаус ја добива наградата за "најлошо облечен изведувач" од годишната листа, според магазинот Glamour, Вајнхаус го добива третото место на најлошо облечени британската жени. Во 48 годишнатагодишниот список на Ричард Блеквел,Вајнхаус била рангирана на второто место на "Десетте најлошо облечени жени" , зад Викторија Бекам. Во април 2008 г. според анкета спроведена од Sky News, Вајнхаус била прогласена за втора по големина " хероина" од страна на населението на Велика Британија, како одговор на анкетираните за таа категорија, на возраст под 25 години. Психологот Дона Досон објаснила дека резултатите покажуваат жени како Вајнхаус кои имаат "одредено чувство на ранливост или морале да се изборат против некои катастрофа во нивните животи " и за тоа добиваат признание. Вајнхаус е прогласена за втора омразена личност во Велика Британија еден месец подоцна според анкета спроведена од страна на магазинот Marketing.
Во јуни 2008 година бил објавен извештај во кој Вајнхаус, пее потценувачка миса за црнците, инвалидите и хомосексуалците, а содржела расни епитети за пакистанци и индијци, кој бил снимен од страна на нејзиниот поранешен сопруг Филдер-Цивил и покрај нејзиното инсистирање тоа да не биде снимено. Вајнхаус ги негирала тврдењата дека е расист, велејќи: "Не сакам да си играм, но јас најмалку сум расист." Вајнхаус додала дека таа снимка била снимена за време на ", навистина, навистина, среќни времиња ".
Говорејќи на тема “Вајнхаус или Белата куќа: Дали ние сме поголеми вести од вестите за шоу-бизнисот“, Џеф Зицински, шеф на радио Би-Би-Си од Шкотска, изјавил дека Би-Би-Си и медиумите воопшто биле учесници во уништувањето на познати личности како Вајнхаус. Тој изјавил дека јавниот интерес за начинот на живот на пејачката не го прави нејзиниот живот топ вест. Род Мекензи, уредник на програмата Newsbeat на радиото Би-Би-Еден, одговорил дека: "Ако пуштате музика [на Ејми Вајнхаус ] на одредена област, истите слушатели се оние кои сакаат да знаат што се случува во нејзиниот приватен живот. Ако не ја покриеш таа вест, ти ги навредуваш младите кои плаќаат радиодифузна такса. " Британската пејачка и текстописец Лили Ален била цитирана во еден шкотски весник како вели:" Ја познавам Ејми Вајнхаус многу добро. Таа е различна од она што луѓето го прикажуваат дека е. Да, таа сепак понекогаш се мрднува од умот со претераното конзумирање на дрога, но таа е исто така многу умна, интелигентена, духовита, смешна жена која може и да биде многу присебна. Едноставно вие не ја гледате таа нејзина страна.“