Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up and re-categorisation per CFD, replaced: сајт → мрежно место, киот мрежно → кото мрежно
с →‎top: Јазична исправка, replaced: листата на → списокот на (4), ната список → ниот список (2)
Ред 19:
 
'''Black Sabbath''' — англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од на Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Geezer Butler (бас гитара), и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има искусено повеќе промени во составот, единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath. Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Земја (Earth), а подоцнаво 1969 година преименуван во '''Блек сабат''' (Black Sabbath), бендот почна да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигна до повеќе платински плочи во 1970-тите. И покрај поврзаностa со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната.
Блек сабат (Black Sabbath), како и Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Дип П'рпл (Deep Purple), се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се дефинира жанрот со албуми како четирикратниот платински албум Paranoid, издаен во 1970 година. На МTV (Ем Ти Ви) беа рангирани како "најголем метал бенд" на сите времиња, и се најдоја на второ место во VH1 е "100 најголеми изведувачи на хард рок" листа, зад Лед Цепелин. "Ролинг Стоун" ја претпостави групата како "хеви метал кралеви на 70-тите години. Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. [9] Black Sabbath беа примени во "Рокенрол салата на славните" во 2006 година , а беа вклучени во листатасписокот на 100 Најголеми изведувачи на сите времиња на Ролинг Стоун.
Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Рејнбоу (Rainbow) Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалите и текстовите на Дио, Блек сабат претрпи повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија Обесчовечувач (Dehumanizer). Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо, Повторно соединување.Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под иметоРај и пекол (Heaven and Hell) и опстојуваа сè до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година.
На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум. Бендот е закажан да настапува и да го предводи Даунлоуд фестивалот (Download Festival) на 10 јуни 2012 година, по што ќе следува светска турнеја.
Ред 30:
Блек Сабат (Black Sabbath)и Параноид (Paranoid) (1970–1971)
Во ноември 1969 Блек сабат потпишаа договор со Филипс рекордс, и во јануари 1970 година го издадоја својот прв сингл “Злобна Жена” (Evil woman) под филијала на Филипс – Фонатана рекордс. Понатамошните албуми беа издадени од Вертиго рекордс, ново формирана прогресивна рок етикета на Филипс. Иако синглот не се пласира на топ – листите, во ноември бендот одвои два дена во студио за да го сними нивниот прв деби - албум со продуцентот Роџер Бејн. Ајоми се сеќава на снимањето во живо: “Мислевме ‘Имаме два дена за снимање и еден за миксање’. И свиревме во живо. Ози пееше истовремено, само во различна кабина и така снимавме. Поголемиот дел од материјалот го снимавме одеднаш.”
Блек сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8мо место на листатасписокот на албуми во Британија (UK Albums Chart), и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигна до 23то место на Билборд 200, каде се задржа повеќе од една година. Иако албумот доживеа комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија во Ролинг стоун Лестер Бенгс го опиша како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќисенад други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продаде во значителни бројки, изложувајќи го бендот на првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифициран платинум и во САД од Здружение на индустријата за снимање на АмерикаRecording Industry Association of America (RIAA),и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI).
За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се врати во студио во јуни 1970 година, оп само четири месеци откако го издадоја “Блек Сабат”. Новиот албум првично требаше да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го сменаја името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот, и Тони само го отсвири рифот од “Параноид”на гитарата и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигна до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигна до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година.
Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат”сè уште беше на топ листите. Албумот достигна број 12 во САД март 1971 година,каде и ќе се продаде во четири милиони копии практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од на рок критичаритево тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic”го класифицираат “Параноја” како "еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња", и албум што го "дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата ". Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноја” му овозможи на бендот за првпат да оди на турнеја во САДво октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот "Железен човек". Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, "Железен човек" останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД сè до 1998 година кога го издадоја“Психо човек”.
Ред 76:
Двата членови од оригиналната постава си заминаа, Тони Ајоми и Гизер Батлер, започнаа аудиција за нов пејач за следниот албум на групата. Ники Мур од Самсон и Џон Сломан од Лоун Стар доаѓаа во превдид. Бендот се задоволи со поранешниот пејач на Дип Парпл, Јан Гилан кој го замени Рони Џејмс Дио во декември 1982 година. На почетокот, проектот не требаше да се вика Блек Сабат, но притисоците од издавачката куќа ја натера групата да го задржи името. Бендот влезе во Манор Студијата во Шиптон на Червел, Оксфордшир, во јуни 1983 година со Бил Ворд на тапани кој се врати трезен. По пуштањето во продажба, “Повторно роден” беше осуден од критиката. И покрај негативниот прием на албумот, тој стигна до место број четири на листите во Велика Британија и број 39 во САД. Дури деценија после тоа Едуардо Ривадавиа од Allmusic го нарече албумот “ужасен“, наведувајќи дека “меланхоличниот стил на Гилан и хумористичните текстови на песните беа комплетно некомпатибилни со господарите на уништувањето и суморноста“.
 
Иако беше на албумот, тапанарот Бил Ворд не беше во можност да оди на турнеја поради притисокот и се откажа од бендот на почетокот на турнејата “Повторно роден”. Се распаднав од идејата за турнеја,“ рече Ворд подоцна. “Имав толку многу стравови од турнеите, не зборував за страво-наместо тоа пиев и тоа беше голема грешка. Ворд беше заменет од Бев Беван поранешниот тапанар на Електрик Лајт Оркестра за светската турнеја “Повторно роден” 83-84 година, (често нарекувана како симулирана Смрт на Сабат “83-84“ Светска Турнеја) која започна во Европа со “Дијамантска Глава” (Diamond Head), а подоцна во САД со “Тивок Бунт” (Quiet Riot)и “Ноќен Ренџер” (Night Ranger). Бендот се насочи кон Рединг фестивалот во 1983, додавајќи ја песната на Дип Парпл “Smoke on the Water” на нивнатанивниот список на песни.
 
Турнејата за поддршка на “Повторно роден” вклучи огромна сцена што го прикажуваше споменикот Stonehenge. За овај потез кој подоцна ќе биде пародиран во mockumentary Ова е пункција во кичма (This is Spinal Tap), бендот направи грешка што го порача споменикот. Гизер Батлер. подоцна објасни:
Ред 104:
Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, пратечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.
 
Турнејата за “Обезглавен крст” (Headless Cross), со лоша судбина, започна во мај 1989 година со Kingdome Come и Silent Rage како предгрупи, но поради слабата продажба на карти турнејата беше откажана после само осум концерти. Европскиот дел од турнејата започнал во септември, каде бендот доживеа повторен успехот на топ-листите. После низа на концерти во Јапонија, бендот тргна на 23 дневна Руска турнеја со Girlschool. Блек Сабат беше еден од првите бендови кои имале турнеи во Русија, откако во 1989 Михаил Горбачов ја отвори земјата кон западните акти за првпат. Бендот се врати во студио во февруари 1990 година за да го сними продолжетокот на “Обезглавен крст”. Иако технички не беше концептуален албум, некои од темите во текстовите на песните од албумот се засновани на Нордиската митологија. “ТИР” (TYR) беше издаден на 6 август 1990година и достигна место број 24 на листатасписокот на албуми во Велика Британија, но беше првото издание на Блек Сабат кое не влегло меѓу најдобрите 200 во САД. Албумот ќе се здобие со мешани рецензии на интернет, како забелешката на Allmusic дека бендот “меша мит со метал во едно тешко изложување на музичката синтеза“, додека Блендер му даде на албумот само една звезда, изјавувајќи дека Ајоми продолжува да го валка името на Блек Сабат со оваа незабележителна колекција“. Бендот направи турнеја за поддршка на TYR со Circus of Power во Европа, но последните седум концерти биле откажани заради слабата продажба на карти. За првпат во нивната кариера, турнејата не вклучуваше концерти во САД.
 
“Обесчовечувач” (Dehumanizer) (1990 – 1992)
Ред 149:
“Годините со Дио”(The Dio Years) и “Рај и Пекол” (Heaven And Hell) (2006 – 2010)
 
Додека Ози Озборн работеше на материјалот на новиот соло албум во 2006, Рино рекордс го издаде “Блек Сабат: Годините со Дио”, компилација на песни одбрани од четирите изданија на Блек Сабат со Рони Џејмс Дио. За издавањето, Ајоми Батлер, Дио и Апајс повторно се обединија за да напишат и снимат три нови песни под името Блек Сабат. “Годините со Дио” беше издаден на 3 април 2007 година, достигнувајќи на број 54 на Билбордот 200, додека синглот “Ѓаволот Плачеше“ достигна до број 37 на листатасписокот на Меинстрим Рок Трекс. Задоволни од резултатите, Ајоми и Дио одлучија повторно да ја обединат поставата од времето на “Рај и пекол” за светска турнеја. Додека поставата со Озборн, Батлер, Ајоми и Ворд сè уште официјално беа нарекувани Блек Сабат, новата постава одлучи да работи под името “Рај и пекол, по албумот со истото име, за да се избегнува забуна. Тапанарот Бил Ворд првобитно требаше да учествува, но беше изоставен пред да започне турнејата заради музичките разлики со “неколку членови од бендот“. Тој беше заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс, и ефективно повторно ја обедини поставата која што беше на албумите “Толпата владее” и “Обесчовечувач”.
 
“Рај и пекол” имаше турнеја во САД со Megadeth и Machine Head како воведни бендови, и снимија албум во живо и ДВД во Њујорк на 30 март 2007 година, под името “Во живо од Радио Сити Мјузик Хол”. Во ноември 2007 година, Дио потврди дека бендот планира да сними нов студиски албум, кој беше снимен следната година. Во април 2008 година, бендот ги објави следното издание и учеството на турнејата Метал Мастерс, заедно со Џудас Прист, Моторхед и Тестамент. Комплетот од албуми, “Правилата на Пеколот” (The Rules of Hell), кој ги содржеше преработените верзии на сите албуми на Блек Сабат со Дио како фронтмен, беше поддржан од турнејата Метал Мастерс. Во 2009 година, бендот го објави името на нивниот деби студиски албум, “Ѓаволот кој го Познаваш” (The Devil You Know), издаден на 28 април.
Ред 180:
Влијание
 
Блек Сабат аргументирано се еден од хеви метал бендовите со најголемо влијание на сите времиња. Бендот помогна да се создаде жанрот со истакнати албуми како што е “Параноја”, албум за кој списанието Ролинг Стоун рече “ја промени музиката засекогаш“, и го нарече бендот “Битлси на хеви металот“. Списанието “Тајм” го нарече “Параноја” “местото на раѓање на хеви металот“, поставувајќи го него на нивнатанивниот список на Топ 100 Албуми на Сите Времиња. Ем Ти Ви гi постави Блек сабат на број еден од нивните Топ Десет Хеви Метал Бендови а Ви Ејч 1 (VH1) ги постави на второ место на нивната листа од 100 Најголеми уметници на Хард Рок. Ви Ејч 1 (VH1) ја рангираше “Железен човек“ за песна број еден на нивната топ-список на 40 Најдобри метал песни. Вилијам Рулман од Allmusic рекол:
 
Блек Сабат биле толку влијателни во развитокот на хеви метал и рок музиката за да бидат дефинирачка сила во стилот. Групата го земала блуз-рок звукот од касните 60-ти години, делата како Cream, Blue Cheer и Vanila Fudge,го успорувала темпото, истакнувајќи го басот, и нагласувајќи ги пискавите соло гитари и урлачките вокали полни со текстови на песните кои го изразувале душевното патење и грозни фантазии. Ако нивните претходници јасно се појавиле со една електризирана блуз традиција, Блек сабат ја доведе таа традиција во еден нов правец, и правејќи го тоа помогна да се роди музички стил кој продолжи да привлекува милиони обожаватели, децении подоцна.