Лига на шампиони во фудбал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Алкохол и мрежни места за обложување како спонзори: Јазична исправка, replaced: вебсајтови → мрежни места (2)
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: листата на → списокот на
Ред 13:
Турнирот беше инагуриран во 1955 година, на предлог од францускиот спортски новинар и уредник на Лекип, [[Габриел Ано]], кој ја смислил идејата по добивањето на извештаите од неговите новинари за многу успешното ''[[Campeonato Sudamericano de Campeones]]'' од 1948 година. Како реакција на изјавата од страна на британските медиуми на страна на [[Вулверхемптон Вондерерс]] нарекувајќи ги Шампиони на светот по успешните пријателски натпревари во Европа во педесеттите, Ано конечно успеа да ја убеди УЕФА да започне да организира турнир во континентални рамки. Натпреварувањето започнало како натпреварување за победниците на европските национални лиги, како '''Европски куп на шампиони''', или скратено '''Европски куп'''.
 
Натпреварувањето започнало во сезоната [[1955-56]] со формат на две нокаут-рунди каде тимовите играле два меча, еден дома и еден на гости, и тимот со подобриот вкупен резултат се квалификувал во следната рунда од натпреварувањето. До 1997 година, учеството било ограничено, и само тимовите кои го имале освоено нивното национално натпреварување имале право на учество, плус моменталниот освојвач на Европскиот Куп. Во [[сезоната 1992-93]], форматот беше сменет,воведена беше групна фаза и турнирот беше преименуван во УЕФА Лига на шампиони. Оттогаш имаше бројни измени во условите за натпреварувањето, бројот на квалификациски рунди и структурата на групите. Во сезоната 1997-98, условите беа проширени и ги вклучуваа вицешампионите на некои земји според [[ранг листатасписокот на коефициенти на УЕФА]]. Квалификацискиот систем беше реструктуиран така што ниско рангираните национални првенства имаа право на учество во една или повеќе квалификациски рунди пред групната фаза, додека вицешампионите од високо рангираните земји влегуваа во подоцнежните рунди. И до четири клуба од високо рангираните земји имаат право за настап во натпреварувањето.
 
Помеѓу 1960 и 2004 година, победникот на турнирот се квалификува на сега непостоечкиот [[Интерконтинентален Куп]] против победникот на [[Копа Либертадорес]] на Јужна Америка. Оттогаш, победникот автоматски се квалификува за [[Светскиот клупски куп]] огранизиран од [[ФИФА]] заедно со другите победници на континенталните клупски шампионати.