Детски права: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
 
==Историски осврт==
За првпат во [[Франција]] во 19. век се појавува идејата за посебна заштита на децата и со тоа започнува прогресивниот развој за правата на малолетниците. Во 1841 година, Законот за заштита на децата на работното место за првпат стапил на сила, додека во 1881 година е донесен Законот за правото на образование за децата. Првите закони за заштита на децата се донесени во Франција за потоа по нивниот пример да следат и другите земји низ [[Европа]]. [[Друштво на народите|Друштвото на народите]] на 16 септември 1924 ја усвоило Декларацијата за правата на детето, кој е првиот меѓународен договор за правата на децата.
 
Во 1959 година, [[Генералното собрание на ООН|Генералното собрание на ООН]] ја усвоило Декларација за правата на детето, која содржи 10 принципи на детски права. Иако, декларацијата не е потпишана од сите држави и нејзините принципи имаат само индикативна вредност, сепак служи како основа за Универзалната декларација на правата на децата. По усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, [[ООН]] сакајќи да донесе Повелба за човекови права која ќе биде обврзувачка за сите држави основа Комисија за човекови права со цел да ја подготви Повелбата.
Ред 25:
Освен Конвенцијата за правата на децата од 1989 год, Македонија ја има ратификувано и Конвенцијата за забрана и елиминација на најлошите видови детски труд на 30 мај 2002. Оваа Конвенција е донесена во [[Женева]] во 1999 година.
 
На 25 октомври 2007 год Македонија ја потпиша Конвенцијата на [[Совет на Европа|Советот на Европа]] за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, на 11 јуни 2012 ја ратификувала, а на 1 октомври 2012 стапила во сила.
 
== Поврзано ==