Разлика помеѓу преработките на „Детски права“

Додадени 10.755 бајти ,  пред 2 месеци
нема опис на уредувањето
'''Детските права''' како дел од [[човекови права|човековите права]] им припаѓаат на сите деца без оглед на нивното национално или етничко потекло, пол, род, боја на кожа, религија, возраст, попреченост, сексуална ориентација, родов идентитет, јазик или кој било друг статус. Човековите права се меѓуповрзани, меѓузависни и неделиви. Тие се универзални и се гарантираат со закон, конвенции, обичајно и меѓународно право, со општи принципи и со други извори на меѓународното право.
[[Податотека:Clock boy.jpg|мини|десно|200п|Момче работејќи како подвижен часовник низ улиците на Мерида, Мексико]]
'''Детски права''' — [[човекови права]] на [[дете|децата]] со особен осврт на правата и посебната заштита и грижа којашто им се пружа на малолетните лица.<ref name="Children's Rights">[http://www.amnestyusa.org/Our_Issues/Children/page.do?id=1011016&n1=3&n2=78 "Children's Rights"] {{Webarchive|url=https://web.archive.org/web/20080921082323/http://www.amnestyusa.org/Our_Issues/Children/page.do?id=1011016&n1=3&n2=78 |date=2008-09-21}}. Amnesty International.</ref> [[Конвенција за правата на детето|Конвенцијата за правата на детето]] од 1989 година го дефинира детето како „секое човечко суштество под возраста од осумнаесет години, освен ако со закон кој се однесува на децата полнолетството не се стекнува порано“.<ref name="CRC">[http://www1.umn.edu/humanrts/instree/k2crc.htm Convention on the Rights of the Child], G.A. res. 44/25, annex, 44 U.N. GAOR Supp. (No. 49), 167, U.N. Doc. A/44/49 (1989), 2 Sept. 1990.</ref> Детските права ги вклучуваат правата на спојување со обајцата [[родител]]и и [[човекова природа|човеков идентитет]], како и основните потреби за физичка заштита, прехрана, [[образование|бесплатно образование]], [[здравствена заштита]], криминални закони кои се однесуваат на возраста и детскиот развој, еднаква заштита на детските [[граѓански права]], слобода од расна, полова, сексуална, религиска и етничка дискриминација, и други права.
 
[[конвенција за правата на детето|Конвенцијата за правата на децата]] (КПД) е најшироко ратификуваниот договор за човековите права во светот, клучен обврзувачки инструмент кој ги вклучува граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права на децата. Во КПД се вклучени правата на здравствена заштита, образование, семејство, игра, одмор и забава, заштита од насилство, сексуално насилство и сексуална експлоатација и др.
Подрачјето на детските права опфаќа повеќе области, како на пример [[право]], [[политика]], [[религија]] и [[етика]]. Толкувањето на детските права се движи од овозможување на децата самостојно да дејствуваат до настојување децата да бидат физички, ментално и емоционално слободни од злоупотреба. Други дефиниции исто така ги вклучуваат правата за грижа и прехрана.<ref>Bandman, B. (1999) ''Children's Right to Freedom, Care, and Enlightenment.'' Routledge. p 67.</ref> Во [[меѓународно право|меѓународното право]] не постојат дефиниции за други поими кои ги опишуваат младите како „адолесценти“, „тинејџери“ или „младинци“,<ref>[http://www.hrea.org/index.php?base_id=81 "Children and youth"]. Human Rights Education Association.</ref> но движењето за детски права се разликува од движењето за [[младешки права]].
Според Алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата, од 2020 година, во Македонија голем број деца се без документи за идентификација, немаат пристап до основни здравствени услуги, илјадници деца се надвор од образовниот систем, голем број девојчиња стануваат сопруги и мајки пред полнолетството, долга е низата на проблеми и кршења на детските права.<ref>
{{Наведена мрежна страница| title= Алтернативен извештај на невладините организции за состојбата со правата на децата во Македонија | url= http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%90%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98_%D1%84%D0%B8%D0%BD.pdf | work= | publisher=Прва детска амбасада во светот Меѓаши | date=2020 | accessdate=2021-04-14}} </ref>
 
==Историски осврт==
За првпат во Франција во 19. век се појавува идејата за посебна заштита на децата и со тоа започнува прогресивниот развој за правата на малолетниците. Во 1841 год Законот за заштита на децата на работното место за првпат стапува на сила, додека во 1881 год. е донесен Законот за правото на образование за децата. Првите закони за заштита на децата се донесени во Франција за потоа по нивниот пример да следат и другите земји низ Европа. Друштвото на народите на 16 септември 1924 ја усвоило Декларацијата за правата на детето, кој е првиот интернационален договор за правата на децата.
Во 1959 Генералното собрание на ООН усвојува Декларација за правата на детето, која содржи 10 принципи на детски права. Иако, декларацијата не е потпишана од сите држави и нејзините принципи имаат само индикативна вредност, сепак служи како основа за Универзалната декларација на правата на децата. По усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права , ООН сакајќи да донесе Повелба за човекови права која ќе биде обврзувачка за сите држави основа Комисија за човекови права со цел да ја подготви Повелбата.
 
[[конвенција за правата на детето|Конвенцијата за правата на децата]] била донесена едногласно од Генералното собрание на ООН на 20 ноември 1989 година. Оваа Конвенција е една од најбрзо усвоените и прифатените меѓународни договори низ светот. Во КПД се уредени граѓанските, политичките, економските, социјалните, здравствените и културните права на децата. Државите кои ја имаат ратификувано Конвенцијата за правата на детето имаат обврска да ја почитуваат, да поднесуваат извештаи и да се појавуваат пред Комитетот за правата на детето при ООН за да се разгледа нивниот напредок во однос на применување на Конвенцијата. Првиот извештај за состојбата со правата на децата државата потписничка мора да го поднесе 2 години по ратификацијата на Конвенцијата. Понатаму, извештаи се бараат секои 5 години со можност за додатни извештаи во меѓупериодот, доколку е тоа потребно. Сите извештаи ги разгледува Комитетот за правата на детето при ООН. Откако Комитетот ќе ги добие државните извештаи, понатаму бара пишани информации од невладини и меѓувладини организации. Она што е посебно важно е дека Комитетот особено цени доколку и децата дадат свој извештај и учествуваат на состаноците (сесиите на кои се разговара за извештаите и се бараат одговори од владата на одредени прашања). Почитувањето на мислењето на децата и учеството на децата во прашања кои се од нивен интерес е од особена важност за секоја држава која се стреми да биде демократска и по мерка на децата. Детското учество им овозможува на децата и младите да бидат слушнати, активно да создаваат и да предизвикуваат позитивни промени во заедницата. [[Меѓаши|Првата детска амбасада во светот Меѓаши]] редовно подготвува и поднесува алтернативни извештаи за состојбата за правата на децата во Македонија пред Комитетот за правата на детето. Во 2009 година до Комитетот за правата на децата поднесен е вториот алтернативен извештај подготвен заедно со невладини организации, членки на Македонската националната коалиција за правата на детето, и првиот детски алтернативен извештај за состојбата со правата на детето подготвен од група деца.<ref>
{{Наведена мрежна страница| title= Втор алтернативен извештај на невладините организции за состојбата со правата на децата во Македонија | url= http://childrensembassy.org.mk/WBStorage/Files/makedonski%20B5%20format.pdf | work= | publisher=Прва детска амбасада во светот Меѓаши | date=2009 | accessdate=2021-04-14}} </ref><ref>
{{Наведена мрежна страница| title= Првиот детски алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Македонија | url= http://childrensembassy.org.mk/WBStorage/Files/Detski%20izvestaj%20200mm.pdf | work= | publisher=Прва детска амбасада во светот Меѓаши | date=2009 | accessdate=2021-04-14}} </ref> Во 2020 година Првата детска амбасада Меѓаши ги поднесе до Комитетот и третиот алтернативен извештај на невладините организации и вториот детски алтернативен извештај.
 
На 25 мај 2000 год. беа донесени два факултативни протоколи. Со првиот се ограничува вклучување деца во воени конфликти а со вториот се забранува продажба на деца, детска проституција и детска порнографија. Факултативен протокол со кој се дава надлежност на Комитетот за правата на детето (Комитетот) да разгледува индивидуални претставки и меѓудржавни комуникации со што би се унапредил механизмот за контрола на почитувањето на детските права. На 19 декември 2011 година, Генералното собрание на Обединетите нации го усвојува Третиот факултативен протокол за комуникациски процедури кон Комитетот. Македонија го има потпишано овој Протокол на 23 мај 2012 година.
 
Денес КПД е потпишана од 196 држави, а ратификувана од 195 држави. Единствени држави во светот што ја немаат ратификувано Конвенцијата се Јужен Судан и САД.
Во Македонија, Конвенцијата е прифатена од 3 јануари 1991 год со ратификацијата во СФРЈ, а Република Македонија како самостојна држава ја има ратификувано на 2 Декември 1993 година.
Освен Конвенцијата за правата на децата од 1989 год, Македонија ја има ратификувано и Конвенцијата за забрана и елиминација на најлошите видови детски труд на 30 мај 2002. Оваа Конвенција е донесена во Женева во 1999 година.
 
На 25 октомври 2007 год Македонија ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, на 11 јуни 2012 ја ратификуваше, а на 01 октомври 2012 стапи во сила.
 
== Поврзано ==
* [https://web.archive.org/web/20130321041404/http://thomas-spence-society.co.uk/4.html Spence. T. 1796 ''The Rights of Infants'']
* [https://www.savethechildren.in/ Save the Children]
* [http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%90%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98_%D1%84%D0%B8%D0%BD.pdf Алтернативен извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата во Македонија]
* [https://www.ohchr.org/en/professionalinterest/pages/crc.aspx Конвенција за права на дете]
* [https://www.ohchr.org/en/professionalinterest/pages/opaccrc.aspx Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на детето за вклучување на деца во вооружени конфликти]
* [https://www.ohchr.org/EN/ProfessionalInterest/Pages/OPSCCRC.aspx Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на детето за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија]
* [https://www.ohchr.org/EN/HRBodies/CRC/Pages/CRCIndex.aspx Комитет за правата на детето]
* [https://treaties.un.org/doc/source/signature/2012/CTC_4-11d.pdf Трет факултативен протокол за комуникациски процедури кон Конвенцијата за правата на детето]
* [https://tbinternet.ohchr.org/_layouts/15/treatybodyexternal/Download.aspx?symbolno=CRC/C/62/3&Lang=en Правилата според кои постапува Комитетот за правата на децата]
 
 
[[Категорија:Деца]]
7

уредувања