Бела Барток: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Нови влијанија (1903–11): Јазична исправка, replaced: базираат → засноваат
с →‎Творештво: Јазична исправка, replaced: допринес → придонес
Ред 7:
Музиката на Барток се карактеризира со две тенденции кои драматично го менуваат звукот во музиката на 20 век, од колапсот на [[дијатонскиот]] хармонски систем кој служел за претходните два века (Griffiths 1978, 7); и заживувањето на национализмот како извор на музичката инспирација, кој е воедно тренд започнат од [[Михаил Глинка]] и [[Антонин Дворжак]] во последната половина на 19т век (Einstein 1947, 332). Во неговото истражување по нови тонални форми, Барток се осврнува кон унгарската фолк музика, како и кон традиционалната музика од [[Панонската Низина]] до Алжир и Турција, станувајќи исклучително влијателен во музичките текови кои ја истражуваат традиционалната музика (Botstein [n.d.], §6).
 
Една од карактеристиките на Барток е неговата [[Ноќна музика (Барток)|Ноќна музика]], која претежно ја користи во спорите ставови во повеќеставочни оркестарски или композиции за ансабли во неговиот доцен период. Таа се издвојува по "таинствените дисонанци кои допринесуваатпридонесуваат во создавањето на кулиса на звуци од природата и осамени мелодии" (Schneider 2006, 84). Како типичен пример е третиот став "Adagio" од неговата [[Музика за гудачи, перкусии и челеста]]
 
Неговата музика може грубо да се рагрупира во согласност со различните периоди од неговиот живот.