Општина Чашка: Разлика помеѓу преработките

Одземени 2 бајти ,  пред 2 години
с
→‎Географија: Јазично подобрување, replaced: атрактивни → привлечни
[проверена преработка][проверена преработка]
(mk.wikipedia.org/wiki/Општина_Чашка)
с (→‎Географија: Јазично подобрување, replaced: атрактивни → привлечни)
Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со [[Општина Велес|Велес]] и [[Општина Градско|Градско]], од север со [[Општина Зелениково|Зелениково]] и [[Општина Студеничани|Студеничани]], од запад со [[Општина Македонски Брод|Македонски Брод]] и [[Општина Долнени|Долнени]] и од југ со [[Општина Прилеп|Прилеп]] и [[Општина Кавадарци|Кавадарци]]. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км<sup>2</sup>.
 
Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивнипривлечни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „[[Лисиче (езеро)|Лисиче]]“.
 
Климатските карактеристики на општината се доста различни. Високите планини преку целата година се покриени со снег додека во рамничарскиот дел во летниот период владее несносна висока температура. Климата е континентална со мало влијание на суб-медитеранска, која продира по долината на реката Тополка. Врнежите се мали претежно во есенските и зимски денови, а летата се топли и суви. Ветрови се јавуваат од сите правци, меѓутоа преовладуваат од северен и северозападен правец.