Црква „Св. Ѓорѓи“ - Валандово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: зид → ѕид
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: атрактивна → привлечна
Ред 32:
Според едно старо предание, кога Марко Крале се враќал од [[Прилеп]] од прошетка во планината [[Беласица]], каде што ја одмерил својата сила фрлајќи големи камеља во [[Дојранското Езеро]] од кои еден се забил во месноста '''Дикили Тас''' северозападно од [[Дојран]] откако ја минал [[Анска Река]], го запрел кољот Шарец над Валандово, во месноста Манастирот. Влегол во црквата Свети Ѓорѓи и се помолил на [[Господ]]. По краткиот одмор го продолжил патот кон Прилеп.
По доаѓаљето на Турците во Валандово, црквата Свети Ѓорѓи прераснала во манастир. Манастирската црква и конаците околу неа, биле оградени со високи и дебели ѕидови, скопчани со тешка железна врата.
Денешната манастирска црква е недоволно атрактивнапривлечна. Таа е мала по големина и недоволно угледна. Градена е од камен, а во основата е спуштена за една степеница под нивото на бетонираниот трем, кој е нешто повисок од нивото на земјата. Оваа еднокорабна црква со низок свод , чија поственост е во насока исток-запад, сместена е до брегот на една удолница.
Внатрешноста на малата манастирска црква е исполнета со скромен фонд на икони, слики и дрвен намештај Некои од иконите се изработени по земјотресот кој бил [[1931]] година и ја разурнал црквата, но има и такви кои се изработени во поново време. Олтарната преграда што ја сочинува малиот иконостас, ја има дебелината на рамките на иконите. Дрвениот мал иконостас не е доволно упадлив. Авторите на иконите не се познати, но познати се некои од нивните дарители.
Во средината на јужниот ѕид се наоѓа таканаречениот владички стол , а лево од него се иконите .