Го пратиле дедо в' планина: Разлика помеѓу преработките

македонска народна песна
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{italictitle}} {{Infobox song | name = Го пратиле дедо в' планина | cover = | alt = | type = | artist...
(нема разлика)

Преработка од 17:49, 13 април 2021

Го пратиле дедо в' планинамакедонска народна песна. Песната е посветена на некој си „лош“ дедо кој во песната го праќале на места со некакви си намери, но тој успевал да се враќа со други исходи. Песната има општествен карактер.

„Го пратиле дедо в' планина“
Песна
ЈазикМакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:50 (Октет Македонија)
01:38 (Танец)

Текст

-Го пратиле дедо вo планина,
мечките да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со мечиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на дрва,
волците да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со волчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на бања,
жените да го истријат,
жените да го избањат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со женчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го кај иде,
лош дедо, лош дедо,
бреј, бреј, бреј.

Надворешни врски