Којсански јазици: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Македонски назив на предлошката, replaced: cite encyclopedia → наведена енциклопедија
Ред 16:
}}
 
'''Којсански јазици''' — група јазици во [[Африка]] со [[чкрапава согласка|чкрапави гласови]] (наречени и „кликови“) што не припаѓаат на други [[јазично семејство|јазични семејства]]. Порано се сметало дека тие се генеалошки поврзани, но ова денес е отфрлено.
 
Во групата спаѓаат автохтони јазици од јужна и источна [[Африка]], но и некои (како на пр. од групата [[кое (јазици)|кое]]), што се преселиле на сегашното подрачје не долго пред проширувањето на банту-јазиците.<ref name=GE>Güldemann, Tom and Edward D. Elderkin (forthcoming) '[http://email.eva.mpg.de/~gueldema/pdf/Gueldemann_Elderkin.pdf За надворешните генеалошки врски на јазичното семејство кое] во Brenzinger, Matthias and Christa König (eds.), ''Khoisan Languages and Linguistics: the Riezlern Symposium 2003.'' Quellen zur Khoisan-Forschung 17. Köln: Rüdiger Köppe.</ref> Во јужна Африка, којсански говорници се [[Хотентоти]]те (Кои) и [[Бушмани]]те (Сан), а во источна Африка тоа се народите [[Сандаве (народ)|Сандаве]] и [[Хаѕа (народ)|Хаѕа]].
 
Пред проширувањето на банту-јазиците, којсанските јазици (и слични на нив) биле широко распространети во јужна и источна Африка. Денес говорното подрачје им е ограничено на пустината [[Калахари]], претежно во [[Намибија]] и [[Боцвана]], и во Раседната Долина во централна [[Танзанија]].<ref>Barnard, A. (1988) 'Kinship, language and production: a conjectural history of Khoisan social structure', Africa: Journal of the International African Institute '''58''' (1), 29–50.</ref>
 
Највеќето којсански јазици се [[загрозен јазик|загрозени]], а неколку се [[загрозен јазик|на умирање]] или веќе [[мртов јазик|мртви]]. Најголем број од нив не се воопшто запишани. Единствениот пошироко распространет којсански јазик е [[коекое (јазик)|коекое]] (нама) во Намибија со 250.000 говорници; на второ место е [[сандаве (јазик)|сандаве]] во Танзанија (40.000 говорници, некои еднојазични) и оние од јазичната група [[к’хунг|к’хунг]] (жу) на северот на Калахари (30.000 говорници).
 
Најкарактеристично за којсанските јазици е употребата на [[чкрапава согласка|чкрапави согласки]] (чкрапки) како [[фонема|фонеми]]. Овие гласови се запишуваат со знаци како [[задновенечна чкрапава согласка|'''ǃ''']] и [[преденонепчена чкрапава согласка|'''ǂ''']]. Јазикот [[жуц’оан]] (''Juǀʼhoan'') има околу 30 чкрапави согласки, не сметајќи ги групите со 90 фонеми вклучувајќи пискави и [[фарингализација|фарингализирани]] самогласки и четири тонови. [[таа (јазик)|к’хонг]] (''ǃXóõ'') и [[ч’оан]] (''ǂHõã'').
 
Граматички, јужнокојсанските јазици се прилично [[изолирачки јазик|изолирачки]], и односот помеѓу деловите од реченицата се означува многу повеќе со [[збороред]] отколку со [[збороизмена]] (флексија). За разлика од нив, јазиците во Танзанија имаат голем број на збороизменителни наставки.
Ред 47:
 
==Семејства==
Условните гранки на којсанските јазици честопати се сметаат за независни семејства, бидејќи не можат да се покажат како меѓусебно сродни според стандардниот споредбен метод. Кај меѓусебно сродните јазици, според една класификација којсанските јазици можат да се поделат на две групи: „[[бушмани|бушмански]]“ и „[[хотентоти|хотентотски]]“. <ref>{{citeнаведена encyclopediaенциклопедија |last=Охотина |first=Н.В. |link=http://tapemark.narod.ru/les/230c.html |title=Койсанские языки |encyclopedia=[[:ru:Лингвистический энциклопедический словарь|Лингвистический энциклопедический словарь]] |location=Москва |publisher=СЭ |year=1990 |pages=230—231}}</ref>
 
===Хаѕа===
Ред 101:
{{поподробно|Чкрапава согласка}}
 
Не сите јазици што имаат чкрапави гласови како фонеми се сметаат за којсански. Највеќето некојсански јазици со оваа одлика се среќаваат меѓу соседните [[банту-јазици]] во јужна Африка: [[нгунски јазици|нгунските јазици]] ([[коса (јазик)|коса]], [[зулу (јазик)|зулу]], [[свази (јазик)|свази]], [[пути (јазик)|пути]] и [[северен ндебеле]]); [[сото (јазик)|сото]]; [[јеји (јазик)|јеји]] во [[Боцвана]]; и [[мбукушу (јазик)|мбукушу]], [[квангали (јазик)|квангали]], и [[дирику]] во појасот [[Каприви]]. Чкрапките се прошириле и во неколку околни јазици. Од овие, коса, зулу, ндебеле и јеји имаат сложени системи на чкрапави согласки; останатите попрости чкрапави гласови. Тука треба да се спомене и [[јужнокушитски јазици|јужнокушитскиот]] јазик [[дахало (јазик)|дахало]] во [[Кенија]] ко јима забни чкрапки во извесен број зборови, како и мртвиот северноавстралиски обреден јазик наречен [[дамин]], кој имал само носни чкрапки.
 
Чкрапките во другите јазици (како [[македонски јазик|македонскиот]]) не се согласни фонеми, туку призвуци за изразување на расположение кон нешто. Таков пример е извикот „''ц-ц-ц!''“ кога осудуваме некоја постапка или состојба.
Ред 136:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Којсански јазици| ]]
[[Категорија:Јазични семејства]]