Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎'''2009 - до денес: Love?''': Правописна исправка, replaced: 9 Март → 9 март
с →‎'''2007-08: Como Ama Una Mujer и Brave''': Јазична исправка, replaced: вебсајт → мрежно место, ниот мрежно → ното мрежно
Ред 39:
 
Лопез официјално го издаде нејзиниот прв албум на шпански јазик, Como Ama una Mujer, во март 2007 година. Нејзиниот сопруг, пејачот Марк Ентони, беше продуцент на албумот, заедно со Estefano, освен за "Que Hiciste", за која песна Ентони беше ко-продуцент со Julio Reyes. Албумот го достигна десеттото место на Билборд 200 и четири недели го задржа првото место на U.S. Top Latin Albums, како и седум последователни недели на U.S. Latin Pop Albums. Албумот добро помина и во Европа, наоѓајќи се на трето место на листите, што главно се должи на големиот успех во земјите како Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција, Белгија, Грција, Германија, Австрија и Португалија. На 24 јули 2007 магазинот Billboard објави дека Лопез и сопругот Марк Ентони ќе настапуваат на заедничка светска турнеја наречена "Juntos en Concierto" со почеток на 29 септември во Њу Џерси. Билетите започнаа да се продаваат на 10 август. Турнејата беше мешавина од нејзината актуелна музика, постари нумери и шпанскa музика. Во подоцнежните соопштенија за печатот, Лопез објави детален план за маршутата. Турнејата започна на 28 септември 2007 година на Mark G. Etess арената и заврши на 7 ноември 2007 во American Airlines арената во Мајами, Флорида. Водечкиот сингл, "Que Hiciste" беше (шпански превод на "What did you do"), официјално пуштен на радио станиците во јануари 2007 година. Оттогаш, тој сингл го достигна својот врв како 86 пласиран на Американската Billboard Hot 100 и прво пласиран на Hot Latin songs и Hot Dance Club Play. Исто така се проби во првите десет на европските листи. Спотот за песната е првиот спот на шпански јазик кој ќе се појави на прво место на Total Request Live daily countdown на MTV. Вториот сингл е наречен "Me Haces Falta", а третиот "Por Arriesgarnos". Лопез победи на Американските музички награди, во категоријата Омилен латински артист во 2007 година. Со Como Ama Una Mujer, Џенифер Лопез е една од ретките изведувачи кој дебитирал на топ 10 на Billboard 200 со шпански албум.
Лопез го издаде нејзиниот петти студиски албум на англиски јазик (шести севкупно) Brave, на 9 октомври 2007 година, по шест месеци излезе Komo ama una Mujer. Таа соработуваше со продуцентите Midi Mafia, J. R. Rotem, Lynn и Wade и Ryan Tedder, а Rotem на некои траки соработуваше со својот партнер Evan "Kidd" Bogart. Претходно, на 26 август 2007 година, ABC, премиерно објави промотивен клип за четвртата сезона на серијата Desperate Housewives, на кој има дел од песната " Mile In These Shoes". "Do It Well" беше водечки сингл и стигна до топ 20 во многу земји. "Hold It, Don't Drop It" беше издаден како втор сингл, само во некои европски земји. Третиот сингл беше насловен Brave и дури иако беше објавено на официјалниотофицијалното вебсајтмрежно место на директорот Michael Haussman дека снимањето на спотот е завршено, сепак неговата промоција не се случи, најверојатно поради ниската продажба на албумот.
 
=== '''2009 - до денес: Love?''' ===