Разговор:Бугари: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 178:
::::::::::::::[[User:Forbidden History|Forbidden History]] <small>([[User talk:Forbidden History|разговор]])</small> 18:50, 10 април 2021 (CEST)
:Извршив одредени промени, еве [[User:Sashko1999|Sashko1999]] нека каже и негов предлог. Јас не можам туку така да бришам извори, па затоа еве дај твои предлози со извори. --[[User:Ehrlich91|Ehrlich91]] <small>([[User talk:Ehrlich91|разговор]])</small> 18:38, 10 април 2021 (CEST)
:: И јас извршив одредени промени, претежно во делот околу потеклото, таму дополнив текст кој содржи повеќе информации за трите главни етнички предци на Бугарите (Тракијците, старите Словени и Прабугарите). Се надевам дека текстот е во ред и дека ќе биде одобрен.
:: Исто така, отстранив дел од текстот кој се однесува на потеклото. Кој текст е отстранет и зошто го направив тоа, ќе објаснам подолу:
::1. Во делот за потеклото е отстранет следниот текст: „Во 1971 година бугарскиот историчар Димитар Ангелов утврдил дека, терминот Бугарин не е исто што и Славјанин (Словен). Јазикот кој го говореле овие Бугари од нивното доаѓање на Балканскиот полуостров во 7 век, па се до 9 век, бил најсличен со јазикот на денешните Чуваши.“ Текстот е отстранет пред се затоа што оваа констатација не постои во изворот кој е наведен, таа е донесена и напишана самоволно од Forbidden History, еве ја книгата која е посочена како извор па слободно проверете. http://macedonia.kroraina.com/da/index.html
::2. Отстранети се две слики од следниве причини: Првата слика која е поставена се однесува на Прабугарите, неа и ја има во статијата за Прабугарите, кадешто и е и местото. Третата слика исто така се однесува на Прабугарите, поточно на еден Прабугарин, тоа е ханот Крум. И неа ја има во статијата за Прабугарите, таму и припаѓа, а не овде. Патем, сликите зафаќаат многу простор и визуелно статијата не изгледа убаво, тоа е уште една причина за отстранувањето.
::3. Во делот за потеклото е отстранет следниот текст: „Бугарија до ден денес ги истражува своите корени и се поврзува со Татарите од Татарстан, за кои велат дека се еден ист народ распрснат на повеќе места. Во чест на нивните заеднички корени се подигнати и споменици кои ја означуваат блискоста на Бугарите со Монголите.“ Овде изворите се крајно нерелавантни, посочени се извори од два бугарски портала, портали според мене не можат да бидат релевантни извори. Во целата статија има посочено над 80 извори и ако ги погледнеме, речиси сите се од релавантни книги, нема ниту еден извор од портал. Затоа текстот го отстранив. Ако има некои забелешки, отворен сум за разговор. Благодарам! [[User:Sashko1999|Sashko1999]] <small>([[User talk:Sashko1999|разговор]])</small> 03:47, 11 април 2021 (CEST)
Назад на страницата „Бугари“.