Бјорк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Vespertine: Јазична исправка, replaced: фанови → обожаватели
с →‎Еволуција: Јазична исправка, replaced: фан → обожавател
Ред 44:
 
=== Еволуција ===
За време на нејзините почетоци, Бјорк била дел од разни бендови коишто свиреле различен музички жанр, панк рок во Spit and Snot, џез фјужн во Exodus, пост-панк во Tappi Tikarrass и готик рок во Kukl. Додека била дел од бендот Tappi Tikarrass, Бјорк била под големо влијание на бендови како: Siouxsie and the Banshees, Wire,the Passions,the Slits, Joy Division и Killing Joke. Албумот ''Gling Glo'' бил сниман заедно со триото Gudmundar Ingolfssonar на кој се прикажани џез и популарни стандарди, со Sugarcubes развиле авант-поп и алтернативен рок. Во раните ʼ80-ти Бјорк била дел од голем број на пост-панк и алтернативни бендови и нејзиниот контакт со андерграунд сцената во Лондон ѝ овозможил да си го најде својот музички идентитет. ''Debut'' претставува еден од првите албуми кои ја запознаваат поп-музиката со електронската музика. Како голем фанобожавател на денс- музиката, таа во овој албум ја вметнала во голем број од нејзините песни. Овој албум на некој начин ја рефлектира тогашната современа средина во Лондон, каде што живеела во раните ʼ90-ти и на некој начин била под влијание на бендовите кои циркулирале во тој период ‒ бендовите Portishead и Massive Attack.
 
Албумот ''Post,'' издаден во 1995 година, претставува една широка емотивна палета на музика, напишан при престојот на Бјорк во Англија и бил резултат на цела таа мултикултурна енергија сместена во Лондон. Албумот е на некој начин баланс помеѓу електронски и органски елементи, т.е електронски и реални инструменти.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бјорк