Кундинско Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 12:
}}
 
'''Кундинско Езеро''' — природно [[езеро]] од вулканско-денудациско потекло и [[мочуриште]] во билизината на пробиштипското село [[Кундино]], во источниот дел на [[Македонија]]. Се наоѓа во западниот дел на Осоговските Планини, помеѓу [[Пробиштип]] и огранокот [[Плавица]] (1.297&nbsp;м)<ref name="Милевски">{{нмс|url=https://www.igeografija.mk/Portal/?p=672|title=Кундино и Кундинско Езеро-убавини помеѓу изгаснатите вулкани|last=Милевски|first=Ивица|date=8 декември 2011|work=ИГЕО Портал|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 април 2019}}</ref>. Околниот-непосреден простор на езерото главно се поклопува со сливното подрачје на Плавички Дол и ограничува површина од околу {{км2|8}}. Во оваа месност има повеќе интересни географски објекти, како што се големата палеовулканска купа и калдера на Плавица, повеќето секундарни [[Вулканска купа|вулкански купи]] ([[чука|чуки]]), бројните ерозивни облици во вид на неплоден предел, и особено Кундинското Езеро. Кундинско Езеро е мало природно езеро кое по прокопување на одводен канал во 1970-тите е речиси целосно уништено<ref name="Милевски" />. Денес тоа има повремен карактер и повеќе наликува на тресетиште, со бујна вегетација од трска и шевар. Се наоѓа 1&nbsp;км североисточно од селото [[Кундино]], на дното на една преиздлабена палеовулканска елипсеста депресија (вдлабнатина), на надморска височина од 745&nbsp;м<ref name="Милевски" />. Всушност басенот на езерото настанал со селективна ерозија на неотпорните [[туфо]]ви, во однос на поотпорните андезити, кои ја сочинуваат рамката. Езерото има специфична положба и лачен изглед, со доминантен правец на протегање ИСИ-ЗЈЗ<ref name="Милевски" />. При максимално ниво (за време на интензивни врнежи), должината на езерото достигнува 250&nbsp;м, широчината 30-70&nbsp;м, должината на бреговата линија 580&nbsp;м, а површината 1,35&nbsp;[[хектар|ха]]<ref name="Милевски" />. Тогаш, најголемата длабочина му изнесува до 3&nbsp;м<ref name="Милевски" />. Езерото вода добива речиси исклучиво од атмосферски врнежи од неговото сливно подрачје ({{км2|0,34}}), а ја губи преку истекување од споменатиот канал, со испарување, понирање и др<ref name="Милевски" />.   
 
За Кундинското Езеро, кон крајот на XIX век, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] во своите записи во книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]] издадена во [[1896]] запишал дека кај с. [[Кундино]] под ребрата на [[Плавица]] има езеро – блато големо колу едно гумно, oд кое што вадат пијавици.<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages = 115|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>.  
 
==Галерија==