Образование: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Општествена образована зависност: Јазично подобрување, replaced: индивидуално → поединечно
с →‎Општествена образована зависност: Јазична исправка, replaced: се базира → се заснова
Ред 15:
Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на образованието секоја [[влада]] сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа [[држава]]та обезбедува финансирање на образованието. Покрај тоа, во однос на содржината, се обиде да утврди социјалните норми и вредности и да се изгради свест за припадност кон својата [[заедница]], [[општествена група]], [[религија]].
 
Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената [[култура]], почитување на принципите и солидарноста. Преку школување се обликува свеста и гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во општеството и системот на [[власт]]а. Сите образовни системи се базираатзасноваат на познавање на [[историја]]та на општеството. [[Институционализација]]та на образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и социјални вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги совладува во процесот на [[обука]]та. Преку силен образовен систем се менува структурата на општеството, на [[семејство]]то и [[професија]]та. По Талкот Парсонс училиштето е мост меѓу семејствата и општеството како целина. Училиштето го подготвува детето за неговата улога. Образованието е всушност израз на социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои отвараат можност за менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или наследство. Тоа е многу важно за социјалнен престиж, власт и моќ. Стекнатите знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата поединечно тоа е богатство на сите луѓе во општеството.
 
== Социолошки теории на образованието ==