Мјанмар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Таунгу: Правописна исправка, replaced: подржа → поддржа
с →‎Паганско Кралство: Јазична исправка, replaced: се базира → се заснова
Ред 113:
[[Бамари]]те, кои припаѓаат на тибетско-мјанмарските народи, започнале да се доселуваат во долината на реката [[Иравади (река)|Иравади]]. Бамарите почнале да се иселуваат од Кралството Нанчао во почетокот на [[7 век]]. Бамарите при нивното доселување затекнале состојба каде немало силна држава, бидејќи [[Пју]]ското Кралство се распаднало, и тие ја искористиле таа ситуација и создале своја држава позната како [[Паганско Кралство]] во [[849]] година и главен центар на бамарската држава бил градот [[Паган]]. Ова кралство било мало во моќ и територија сè до доаѓањето на власт на кралот [[Анаврата]]. Под негова власт, Паганското Кралство го проширило своето влијание низ целата територија на денешен Мјанмар.
 
Откако Анаврата го зазел главниот град на [[Монци]]те, [[Татон]], во [[1057]] година, Бамарите го прифатиле [[Теравада|Теравада Будизмот]] како своја религија. Во тој период исто така и [[Мјанмарско писмо|мјанмарското писмо]] било создадено, кое се базиралозасновало на [[Монско писмо|монското писмо]]. Бидејќи Паганското Кралство имало голема придобивка од трговијата, владетелите на Кралството изградиле голем број пагоди и храмови, од кои голем дел и денес постојат.
 
Моќта на Паган полека започнала да слабее во [[13 век]]. [[Кублај Кан]] заедно со својата моќна монголска војска навлегле на територијата на Мјанмар во [[1277]] година и го зазеле Паган во [[1287]] година. Со тоа, Паганското Кралство и моќта на Паган биле завршени.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мјанмар