Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стандардни уреди: Јазична исправка, replaced: веб опслуж → опслуж
с →‎Во минатото: Јазична исправка, replaced: се базира → се заснова
Ред 31:
Во САД, Федералната комисија за телекомуникации дозволи слободно користење на дел од фреквентниот спектар, со ново донесените правила на 9 мај 1985 година. Многу други земји подоцна го следеа овој пример, со што денес се овозможува употреба на неколку комуникациски технологии низ целиот свет. Дозволата која ја издаде Федералната комуникациска комисија во САД беше заснована на предлогот на Мајкл Маркус, член на оваа комисија, уште од 1980 година и требаше цели 5 години на истата за да стапи во сила. Тој предлог беше дел од поголем предлог за да се дозволи слободна употреба на фреквентниот спектар од страна на граѓаните и истиот тој предлог, во тоа време, беше оспоруван од страна на големите производители на електронска опрема и комуникациските регулатори.
Зачетоците на Wi-Fi технологијата се уште од 1985 г. кога Федералната комисија за телекомуникации на САД, дозволи слободно користење на неколку фреквентни појаси. Во 1991год. NCR корпорацијата и ATиT ( NCR Corporation и AT&T) односно денешните Лусент Технолоџис и Агер Системс (Lucent Technologies и Agere Systems) го создадоа претходникот на денешниот Wi-Fi систем во Нејвеген, Холандија. Овај систем бил создаден за комуникација со системи на фискални каси; Првите безжични уреди се појавија на пазарот под англиското име WaveLAN и развиваа брзина на пренос од 1 Mbit/s до 2 Mbit/s. Вик Хејс, кој беше директор на IEEE 802.11 цели 10 години и подоцна беше именуван како „таткото на Wi-Fi технологијата” беше дел од дизајнерскиот тим кој ги создаде IEEE 802.11b и 802.11a стандардите
Поголем дел од IEEE 802.11стандардите врз кои се базиразаснова Wi-Fi технологијата (во својата a, g и варијантите на n генерацијата), според одлуките на судот, биле засновани на патентот 5,487,069 кој бил регистриран во САД во 1993 година, од страна на CSIRO, Австралиско истражувачко тело. Овај патент стана причина за судски спор кој ова тело го поведе против поголемите производители во компјутерската индустрија. Во 2009 година CSIRO потпиша договор под доверливи услови со 14 компании, меѓу кои Hewlett-Packard, Intel, Dell, Toshiba, ASUS, Microsoft и Nintendo. Приходот на оваа групација до октомври 2009 година порасна до 200 милиони австралиски долари, како последица на овие договори.
Европа води во прифаќањето на безжичната телефонија, но САД моментално води употребата на Wi-Fi технологијата, поради тоа што во САД лаптоп компјутерите, кои имаат вграден Wi-Fi адаптер, почесто се користат. Во јули 2005 година имаше 68,643 Wi-Fi локации низ целиот свет, од кои повеќето беа во САД, потоа втори на листата Беа Обединетото Кралство и Германија. Сад и Западна Европа го сочинуваа скоро 80% од сите Wi-Fi корисници во светот. Во изработка се планови за во САД да се обезбеди јавен Wi-Fi пристап како бесплатен јавен сервис. Но и покрај ваквите бројки, кои денес се далеку поголеми, користењето на Wi-Fi технологијата се уште е мала. Тогашната компанија Јупитер Рисерч (Jupiter Research) објави статистички податоци кои покажуваат дека само 15% од луѓето некогаш се поврзале на Wi-Fi сигнал и дека само 6% се поврзале на сигнал на јавно место.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi